И покрај забраната за палење стрништа сепак секојдневно сме сведоци на запалени стрништа. На патотот Битола Прилеп, во околните села можеа да се забележат запалени стрништа. Единиците на територијалната против пожарна служба Битола денеска имаа повеќе интервенции низ градот, а во моментов се интервенира на пожар во близина на с. Секирани.
Викендов на неколку места гореше на потегот од левата страна на патото Битола –Ресен во близина на Ротино. Покрај патот видливи се опожарените површини. Периодот е сушен и има остатоци од суви треви и грмушки така што постои голема опасност запалените стрништа да опфатат поголема површина и да се предизвика пожар од големи размери.
Запалени стрништа може да се забележат скоро на целата територија на државата. Беа регстрирани повеќе пожари во кои гореше шума на Скопска Црна Гора, Кичевско, Велешко , при што беа вклучени и против пожарните авиони од дирекцијата зазаштита и спасување. Се претпоставува дека причините за пожарите се човечки фактор, но досега тоа не е докажано. Од надлежните институции апелираат на внимателсност и да не се палат стрништа, а ако некој забележи тоа да го пријави во полиција или пожарна на 193.
П.Ј.