И виното не е вечно

(Oвој напис е објавен на: February 27, 2017)

Виното се добива преку ферментација на различни сорти на грозје. Рокот на траење на виното зависи од различни фактори, како што се бербата, етикетата, начинот на подготовка и како се чува виното. Иако не постои дефинитивен одговор, 99% на вино не е наменета за чување- туку за пиење, а во глобала, сите тековни вина се млади и свежи.

i vinoto ne e vechno

 

Тоа е едно од најстарите и најпопуларните пијалоци на светот. Вино се користи за секакви пригоди. Но, колку долго трае виното ? Дали се расипува ? Кога е правилно складирано, колку време може да биде употребливо ?

Флаширано бело вино трае 1-2 години, Црвено вино во шише трае 2-3 години, Вино во кутија трае 1 година, убаво флаширано и квалитетно вино трае со децении во винарските визби. Додека пак отворено бело вино трае 1-3 денови. Црвено отворено вино трае 1-2 недели. Вино за готвење трае 1-2 месеци, Отворено вино во кутија трае 6-12 месеци. Се разбира, и другите пијалоци и храната може да трае долго, доколку се чува според правилата. Тоа обично нема да биде дефинирано со датум, но ќе ја има барем годината на полнење на шишето.

Колку долго е добро виното по отворањето ?

Веќе кажавме дека црвеното вино може да се користи до 2 недели, а отвореното бело вино во рок од 3 дена. Тоа е поради вкусот, кој полека ќе почне да преминува во киселест. Бидете подготвени да го чувате виното на собна температура за најдобар квалитет пред пиење. На црвените вина, исто така, им е дозволено да “дишат” или да бидат отворени некое време пред да се консумираат бидејќи воздухот дополнително влијае врз вкусот на виното, и тоа позитивно. (за разлика од другите пијалоци и храна). Без оглед на квалитетот, тоа важи за сите црвени вина. Вината во кутии, кои се обично поефтини, траат подолго. Откако ќе се отворат, бидејќи се во стерилно пакување кое не дозволува допир со воздух, и понатаму го ферментираат производот.

Како да процените, дали виното кое штотуку сте го отвриле, е расипано или не ?

Обично може да се каже уште пред да го отворите виното дека е расипано. Некои општи, лоши црти на виното се знак на лошо вино, потоа испукана плута, промена на бојата на течноста, или прашливи честички на дното од шишето. Ако се случат некои од овие работи, голем е процентот за тоа да дефинирате какво е виното. Бидејќи секогаш постојат здравствени ризици, најдобро да го избегнувате користењето на вино (и храна) по запишаниот датум (или доколку самата храна ,или пијалок, изгледаат доста невообичаено).

Како правилно да се чува виното?

Правилно складирање е клучно за продолжувањето на рокот на виното. Во идеални услови, правилно се чува во винрска визба, на ладно и темно место, од постојана температура 13° Целзиусови. Бидејќи сите не можеме да си го дозволиме тоа, најдобро е да се чува на ладно и темно место. На фрижидер, под печка или до машината за миење садови се најлошите места, бидејќи тоа се прилично топли места. Откако виното ќе се отвори, треба да се чува во фрижидер, за да биде добро за пиење подолг временски период.