fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Игор и Тони Јовановски првите производители на јајца од Јапонска Потполошка

Веќе 20 години тетовецот Игор Јовановски и неговиот брат Тони се занимаваат со одгледување и производство на јајца од Јапонски Потполошки

Веќе 20 години тетовецот Игор Јовановски и неговиот брат Тони се занимаваат со одгледување и производство на јајца од Јапонски Потполошки. Тоа стана и дел од нивниот живот. Целиот процес го водат сами, од оплодување на свежо јајце до негово производство, дистрибуција и на крај продажба. Затоа што биле први и сами на пазарот, подолг период се соочувале со голем број предизвици и препреки, но љубовта кон работата како што велат браќата ги одржува се уште во  бизнисот.

 

Зелена берза  – Од каде идејата за изградба на фарма за одгледување на Јапонски Потполошки?­

Игор  – Идејата е од 2003 година, а фармава е изградена 2011 и почнавме со работа 2013.На почетокот почнавме со мало производство во тетовско Седларце и дома чувавме во подрумските простории. Идејата беше од еден другар мој , тој беше боди билдер од некаде набавувал и купувал јајца и тој рече ајде и ние. Идејата првична не беше ние да продаваме јајца туку само да произведуваме и друг на големо да ни ги откупува. Почнавме да чуваме потполошки, но оваа работа не беше регулирана со прописи и правилници, дека потполошката не се знаеше дали е птица или живина. И дојдоа ветеринарните инспектори да не регистрираа и после ни дадоа дозвола да работаме со маркетите, па така регистриравме фирма. Но сега ова не е како фарма туку како одгледувачница, дека за фарма за потполошки нема уште правилник. И на почеток се соочувавме проблеми. На пример на јајцата  им ставаа печат ласерски и требаше на јајцата кои ние ги произведуваме да им ставаме печат, но тие се многу мали техничко е неизводливо. И така бевме ослободено од такво нешто. Најосновно сега е носење смет на испитување на органскиот отпад.

Зелена Берза – Дали е тешко да се занимаваш со овој бизнис ако си нов?

Игор Јовановски – Тешко беше на почетокот и уште е тешко. Најтешко е дека цел ланец треба сам да го направиш, цел систем од производство до продажба. И така почнавме со 20 часа на ден работа. Систем капка по капка, пилиња сами да извадиш. На запад на пример имаш систем комплет кафези за храна, дотурање на храна и вода и се. А ние сме гледале на интерент, и се сами сме спровеле. Гледаш на интернет како изгледа системот кај кокошките, и истото го преслукува тука, но со помали димензии.

Зелена берза – Како оди целиот производствен процес од носилки до продажба на јајца?

Тони Јовановски – Уште е неразвиена таа работа. Првин ви треба оплодено јајце за да излезе пиле тоа е наше сопствено го правиме сами, со тоа што на неколку месеци земаме свежа крв. Машките потполошки ги земаме на пример од  Србија ги мешаме со нашите и обратно, и добиваш нова свежа крв, дека не смееш да ги мешаш. Кај нас не е ова развиено, и мораш сам да го произведеш пилето. За да го произведеш јајцето тие сакаат хигиена и да нема бучава.

 

Зелена берза – Како оди со продажбата?

Игор Јовановски – На почетокот одеше тешко никој не знаеше што е тоа потполошка. Скап беше производот. Но после пресврт беше кога зедовме мостра од Србија пластични проѕирни паковки и се гледаа јајцата, дека не почеток продававме во картонски кутии и тоа се продаваше во маркет , а никој не знае што е тоа. И потоа ја намаливме цената и буквално работевме без профит, бевме упорни сакавме да го одржиме бизнисот. Само јас останав, а другите се откажаа. Со пластичната амбалажа значи ни појде народски кажано работава. Јас од платата купував храна колку да опстане бизнисот, дека работев во полиција. Во меѓувреме скопската фирма која ја вршеше дистрибуцијата пропадна, и тогаш останавме сами и ни остануваа повеќе пари. И кога почна да се троши робата почнавме да размислуваме за нешто поголемо , за објект а немавме пари ниту пак можевме да земеме кредит. И затоа моравме да одиме под кирија. Ама и ние на почеток правевме грешки, не знаевме  како точно оди целиот процес. Кога влеговме во овој објект во тетовско Жилче направивме грешки. На пример во вентилацијата и навистина имаше промет, и не произведувавме толку колку што ни бараа, ама пред две години  падна прометот. Не знам зошто, сега има конкуренција, има лица кои произведуваат за себе, дали паднала куповната моќ и многу народ се има исселено.

Зелена берза – Како е со соседните земји како тие ги решаваат проблемите?

Тони Јовановски – Во главно на Балканот е исто како кај нас, во други земји имаат фондови. На почеток им помага и државата и на нас треба да ни помогнат за пласман, дека тука има мал пазар.  Ако може државата да ни помогне да не групира повеќе производители колку за извоз. На пример не е работава само свежо јајце, може и јајце во саламура во Европа тоа многу се продава, месото од живината  може да се продава . Сега ние месото или ние го користиме или го даваме на пријатели, а тоа на запад е регулирано. Нас ни е важно да бидеме производители а друг да се занимава со продажба и дистрибуција, а не се’ сами да работиме. Државата се однесува како казнена експедиција, а те видат  дека си отворил нешто, одма доаѓаат и ти бараат забелешки наместо да ти помогнат.

 

Зелена берза – Зошто е ова јајце толку квалитетно?

Самото јајце содржи многу повеќе протени, витамини и минерали, а има многу ензими и тие помагаат за разградување на храната. И интересно е што не се знае  некој од ова јајце да добил салмонела, дека во внатрешната страна има плус мембрана што јајцето од кокошка го нема. И во Јапонија има испитувања, овие јајца се отпорни се на радијација. 30 јајца има во една паковка, и во маркетите се продава по едно јајце 5 денари. Го носиме по маркетите, ама тие многу станаа алчни, не знам каде ќе оди се ова. И сега на овој производ му ставаат маржа. Ти му ја носиш кутијата 80 денари тој става маржа 20 %, и го продава 96 денари, и сега тој на тие 80 денари ти става рабат од старт уште 20 % и за мене остануваа 64 денари. И сега јас му ја давам таблата 80 денари тој во маркет го продава 120 денари мој се 60 денари а негови се 40 денари, а за тие 60 денари ја имам еден куп трошоци а тој нема трошок.

 

Зоран Димовски

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close