вести

Привршува чистењето на речните корита и каналите во Прилеп

По ланските катастрофални педесетгодишни води што поплавија неколку населби во градот под Маркови кули, деновиве финишираат активностите со чистење на речните корита и каналската мрежа. Најчуствително беше подрачјето во населбата Тризла кај Дабничка река.

privrshuva chistenjeto na rechnite korita i kanalite vo prilep

Со средства од локалната самоуправа, како и поддршка од Владата со нафта од државните резерви, коритото на оваа река е целосно исчистено.
-Беа извадени над 6.000 м3 отпаден материјал, што многу ќе придонесе за протокот и за прифаќање дури и на педесетгодишни води, како што ги имавме во минатиот период – рече Илија Карески, раководител по урбанизам во Општината Прилеп.
– Продолжуваме и понатаму со чистењето, а наредниот потег ќе биде од мостот кај касарните се до вливот во Градска река, како и на горниот и долниот дел на коритото на Градска река, што и по обичај се најпроблематични- рече прилепскиот градоначалник Марјан Ристески.
cistenje_na_gradska_reka
Во наредниот период, покрај одржувањето на ваквата состојба, ќе се отвори и кампања, со која ќе се апелира до граѓаните да не создаваат диви депонии во реките и каналите на овој град.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close