fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Или полесна кошничка или полесен паричник

Граѓаните се соочени со изборот, или да платат повеќе, или да се откажат од одредени артикли

Граѓаните се соочени со изборот, или да платат повеќе, или да се откажат од одредени артикли.

Ако лани во март биле потребни 1.115 денари за да се купат вкупно дваесет продукти во еден од скопските маркети, денес во истата продавница истите производи чинат 1.301 денар.

Тоа е поскапување од речиси 17 отсто.

Граѓаните се соочени со изборот, или да платат 186 денари повеќе, или да се откажат од два или три артикли.

Премиерот Димитар Ковачевски, драматично соопшти оти се соочуваме со најголемата економска криза што светот ја памети во поново време. Храната и енергенсите поскапуваат како резултат на воената агресија на Русија врз Украина, истакна тој.

„И тоа го чувствуваме денес и сега. Дисбалансот на цените на основните прехранбени продукти и енергенсите нѐ засега и нас. Ова ќе биде тешка година, но со добри политики и мерки ќе ја премостиме“, додаде премиерот, објавувајќи дваесетина мерки вредни 400 милиони евра за заштита на домашниот стандард.

Уште подраматични беа коментарите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и на ексминистерот за финансии од нејзините редови, Трајко Славески. Тој процени дека државава за првпат по 1990-тите се соочува со двоцифрена инфлација.

Вознемирувачки тонови стигнуваа и однадвор со вонредните пресови на српскиот претседател Александар Вучиќ, кој до килограм броеше колку грав, ориз, пченица и пченка има во државните резерви.

Деновиве, во некои од скопските супермаркети празни беа рафтовите во делот со овошје и зеленчук и кај брашното, а во други, пак, вработените постојано ги дополнуваа производите.

Потрошувачите веќе реагираат дека сега трошат повеќе пари за истите производи споредено со минатите месеци.

Повеќе на линкот https://prizma.mk/ili-polesna-koshnichka-ili-polesen-parichnik/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close