
Агро бизнисВестиТоп вести
Има исплата на субвенции за кравите, проверете сметки
Исплатени се 372.201 760 денари на сметките на 4284 сточари одгледувачи на крави.
Исплатени се 372.201 760 денари на сметките на 4284 сточари одгледувачи на крави, потврдија од Платежната агенција за Зелан берза.
Субвенциите се за грло говедо за 2025 година.
„Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, на 4284 одгледувачи на говеда, им исплати 372. 201 760 денари. Средствата во висина од 4.000 денари по женско грло се исплатени по мерка 2.1 која предвидува директни плаќања за обележани женски грла говеда постари од 12 месеци, известија од Платежната агенција.
Сточарите сега ја чекаат уште премијата за млекото втората половина на 2025 година до денес.
А.Б




