fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Има ли потенцијал за генерален штрајк на земјоделците

Законот за задолжително земјоделско осигурување - дополнителна причина за генерален штрајк на земјоделците

Годината завршува, а проблемите остануваат.  Вака земјоделците го коментираат новиот Закон за задолжително земјоделско осигурување, кој е доставен во Владата и од 2024 година се очекува негова примена.

Овој закон предвидува земјоделците задолжително да плаќаат најмалку 20 отсто од премијата за осигурување, а 20 проценти ќе им плати државата, додека за останатите 60 проценти останува волјата на земјоделците. Но, она што особено е важно е висината на премиите кои се очекува да бидат пониски од сегашните, пренесува 24 вести.

Земјоделците од источниот регион со едногласен став, овој систем на субвенционирање треба да се доработи и никако да се прифати таков каков што е понуден во моментов. Следните денови ќе бидат презентирани сите барања кои се упатени до Владата и министерството од страна на земјоделците и доколку не се изнајде заедничко решение, тогаш најавуваат генерален штрајк.

По најавените нови трошоци и задолженија за земјоделците, истите револтирано тврдат дека понатамошната динамика на производство во државата е доведена до знак прашалник.

Инаку, Буџетот во земјоделието за идната година изнесува 193 милиони евра што е за 45 милиони евра поголем од оној за 2022 година. Само 114 милиони евра се предвидени за исплата на субвенциите и спроведувањето на реформата во земјоделството.https://24.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close