вести

Има ли во Македонија храна третирана со јонизирачко зрачење?

Агенцијата за храна и ветеринарство годинава за прв пат започна со испитувања дали на македонскиот пазар има храна третирана со јонизирачко зрачење. Станува збор за употреба на една од поновите технологии со кои се продолжува рокот на траење на производите и се подобрува нивниот квалитет и безбедност, но, чија употреба според законските прописи треба да биде означена на производот.

Ова за сега се однесува единствено на производите од увоз бидејќи во Македонија во нема регистрирано објект за третман на храна со јонизирачко зрачење. Испитувањата кои започнаа во октомври покажале дека кај дел од мострите  кои биле контролирани има неусогласености со законските нормативи.

„Би сакал да кажам до јавноста дека овде не се работи за безбедност на храната туку се работи повеќе за правото на потрошувачот да знае што консумира. Инаку,  доколку храната е третирана со јонизирачко зрачење тогаш при увозот треба да се приложи и документ, ние го велиме сертификат во кој објект е третирана и со која доза е третирана самата храна. Од она што ние преку анализите што ги направивме на производите такви дојдовме до сознанија дека главните неусогласувања се дека воопштио не е декларирано или  е декларирано, меѓутоа,  при  проверката не е потврдено дека е извршено јонизирачкото зрачење“, вели Зоран Атанасов, директор на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Согласно Правилникот за посебните барања за безбедност на храната третирана со јонизирачко зрачење ваков третман е дозволено да се врши врши на суви билки, зачини, суво овошје и зеленчуци, затоа што тој е усогласен со европската легислатива.


 

sitel

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close