fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

ИМА ПАРИ!Исплатени се субвенции за производено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко

Исплатите се однесуваат на предадено млеко во месеците март, април и мај 2021 година

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој информира дека на 6.396 млекопроизводители им се исплатени 153.224.548,00 денари за мерката 2.3 која ги опфаќа директните плаќања за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко.

Исплатите се однесуваат на предадено млеко во месеците март, април и мај 2021 година согласно пријавените количини од страна на преработувачките капацитети.

Корисници на оваа поддршка се земјоделските стопанства регистрирани како одгледувачи на говеда, овци и кози во Регистарот на одгледувалишта. Висината на директните плаќања изнесува 3.5 денари по литар произведено и предадено кравјо млеко во преработувачки капацитети запишани во регистарот на откупувачи на земјоделски производи и 4.5 денари по литар за произведено и предадено овчо и козјо млеко.

Агенцијата за финасиска поддршка во земјоделството и руралниот развој продолжува со финансиската поддршка за млекопроизводството како државен стимул за постигнување на повисока цена на млекото како основен производ и оддржување на благосостојбата во сточарството како сектор кој има голем удел во земјоделството и македонската економија – посочи директорот на АФПЗРР Никица Бачовски.

https://www.facebook.com/NikicaBachovski

Почитувани млекопроизводители,
На сметките на 6396 корисници се исплатени 153.2 милиони денари за произведено и предадено млеко во преработувачките капацитети во март, април и мај 2021 година.
Висината на финансиската поддршка е 3.5 денари / литар за кравјо, односно 4.5 денари / литар за овчо и козјо млеко.
Во следните денови ќе се реализира и исплатата за произведеното и предадено млеко во месеците јуни и јули 2021.
Дополнително, АФПЗРР тековно се подготвува за имплементација на мерките од интервентниот фонд, вклучително и новата мерка за поддршка на млекопроизводителите за кои се предвидени 140 милиони денари како дополнителна субвенција за произведеното и предадено млеко во периодот октомври 2021 – септември 2022

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close