fbpx
Вести

Индекси на трошоците на животот според COICOP и цени на мало

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во декември 2015
година, во однос на претходниот месец, изнесува 99.9, а индексот на цените на мало 100.1.
Во 2015 година, во однос на 2014 година, индексот на трошоците на животот бележи намалување од 0.3%, а
индексот на цените на мало бележи намалување од 1.3%.

indeksi na troshocite na zhivotot spored coicor i ceni na malo

 

Движењето на индексот на трошоците на животот во 2015 година беше различно по одделни групи
на потрошувачка.
Намалување на индексите е забележано во групите Транспорт за 9.0% и Комуникации за 4.9%.
Пораст на индексот е забележан во групите: Алкохолни пијалаци, тутун за 5.4%, Мебел, покуќнина
и одржување на покуќнината за 2.0%, Здравје за 1.5%, Ресторани и хотели за 1.2%, Домување, вода,
електрика, гас и други горива за 1.1%, Рекреација и култура за 0.8%, Облека и обувки за 0.4%, Храна
и безалкохолни пијалаци и Образование за 0.1%.
Групата Останати стоки и услуги е на ниво од претходната година.

hrana
Движењето на индексот на цените на мало во 2015 година, исто така, беше различно по одделни
групи на производи.
Намалување на индексите е забележано во групите: Индустриско-непрехранбени производи за
3.4% и Услуги за 0.7%.
Пораст на индекситe е забележан во групите: Земјоделски производи за 3.3% и Пијалаци за 0.6%.
Групата Индустриско-прехранбени производи е на ниво од претходната година.

g_rast

Индексот на трошоците на животот во декември 2015 година, вo споредба со декември 2014 година, забележа
намалување од 0.3%, а индексот на цените на мало забележа намалување од 0.4%.Индексот на трошоците на животот во декември 2015 година, во однос на претходниот месец, забележа  намалување од 0.1%.
Намалувањето на индексот на трошоците на животот во декември 2015 година, во споредба со претходниот
месец, е резултат на пониските индекси на овошјето за 6.1%, рибата за 2.1%, конзервираната риба за 1.0%,
другите неспомнати прехранбени производи за 0.7%, месото, свежото млеко и сувото овошје за 0.3% и
тестенините за 0.2%.
Исто така, во декември 2015 година, намалување на индексот на трошоците на животот е забележано кај
болничките услуги за 7.6%, течните горива за домаќинствата за 7.5%, лековите за 1.6%, течните горива и мазива за 0.7%, гасот за домаќинствата за 0.3%, електричните апарати-големи за домаќинствата и игрите, играчките и хоби за 0.2%.

0,,16474188_401,00

Пораст на индексите на трошоците на животот во декември 2015 година, во споредба со претходниот месец, е
забележан кај јајцата за 1.1%, другото месо и зеленчукот за 0.7%, другите млечни производи, шеќерот, џемот,
медот, чоколадата и кондиторските производи за 0.3%, лебот и житариците, сувомеснатите производи и
преработките од млеко за 0.2%.
Исто така, во декември 2015 година, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај услугите за сместување за 15.3%, пакет-туристичките аранжмани за 6.9%, авионскиот превоз на патници за 6.0%, стоматолошките услуги за 0.9%, другите производи за одржување на станот, телефонските и факс апаратите и услугите за 0.6%, материјалите за одржување и поправки на станот и електричните апарати-мали за домаќинствата за 0.4%, обувките, цврстите горива за домаќинствата, услугите и средствата за лична хигиена за 0.3%, мебелот и информатичката опрема за 0.2%.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close