fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Индустриската зона во близина на Куманово атрактивна и за домашните и за странските инвеститори

На јавното наддавање по пат на електронска аукција беа пријавени три компании а најповолен понудувач со највисока понудена цена е компанијата „ДТМ ЛИДЛ Северна Македонија ДООЕЛ“, со седиште во Скопје. Најповолната понуда изнесува 1906 денари за еден метар квадратен или вкупно за 170.996 метри квадратни (17 хектари) и изнесува 325.920.015,00 денари (5,3 милиони евра), информираа од општината.

Индустриската зона „Речица и Новини“ во близина на Куманово сè повеќе е атрактивна за домашните и за странски инвеститори. Општина Куманово во изминатиот период спроведе постапка за оттуѓување на земјиште во зоната во сопственост, по пат на електронско јавно наддавање, со намена Г4, стоваришта и складови на локација.

– На јавното наддавање по пат на електронска аукција беа пријавени три компании а најповолен понудувач со највисока понудена цена е компанијата „ДТМ ЛИДЛ Северна Македонија ДООЕЛ“, со седиште во Скопје. Најповолната понуда изнесува 1906 денари за еден метар квадратен или вкупно за 170.996 метри квадратни (17 хектари) и изнесува 325.920.015,00 денари (5,3 милиони евра), информираа од општината.

Во наредниот период ќе заврши административната постапка за избор на најповолен понудувач и по исполнување на сите услови пропишани во јавниот повик, имотот ќе премине во сопственост на најповолниот понудувач, по што ќе следува инвестицијата.

– Електронската аукција ја спроведе одделението за располагање со градежно земјиште. На последната аукција беа пријавени три компании. Најповолниот понудувач беше „Лидл“ со вкупна вредност од 5,3 милиони евра, изјави раководителката на секторот, Емилија Сларидис Јаневска.

Потенцијалите на индустриската зона Речица се големи, сметаат од Секторот за урбанизам од Општината. Веќе има неколку компании, пред сè домашни. Надлежните очекуваат и странски инвеститори.

„Речица“ има 33 градежни парцели. Една градежна парцела која веќе е отуѓена е наменета за стоваришта и складишта. Деветнаесет градежни парцели се наменети за Г2 лесна и незагадувачка индустрија, за намена Б5 односно хотели, има три градежни парцели, осум за Б2 големи трговски едници, една градежна парцела е за комунална инфраструктура, односно Е3 пречистителна станица и една е зеленило. Досега се продадени десет парцели, најмногу, девет, за лесна и незагадувачка индустрија.

– Во зоната има веќе отворена фабрика за производство и преработка на оцет, грчка компанија за преработка на бетонски елементи, има фабрика преработка за масло од медицински употреби, останатите сè уште не се изградени, изјави Сларидис Јаневска.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close