fbpx
Вести

Николовски очекува засилена реализација на капиталните инвестиции во земјоделството

Mинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски очекува засилена реализација на капиталните инвестиции во земјоделството во втората половина од годинава.

Тој денеска изјави дека 10-те милиони евра предвидени во Програмата за рурален развој ќе бидат искористени исклучиво за капиталните инвестиции во земјоделството како што се проектот за наводнување на Јужновардарска долина, системот за наводнување Равен – Речица и браната Конско.

– Очекувам дека овој месец, Министерството за транспорт и врски ќе ги издаде одобренијата за градење на овие големи ситеми, а во браната Конско во следните неколку месеци очекувам засилена работа на терен. Распишан е и тендер за избор на иведувач во делот на Јужен Вардар, истакна Николовски, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата со директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска.

Со ребалансот на Буџетот, Николовски очекува дополнителни средства во Програмата за рурален развој и за субвенции.


 

бриф.мк

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close