fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Инфлацијата урива рекорди, трошоците за живот во јануари 17, 1 отсто повисоки од лани

За една година, од јануари 2022  до јануари годинава, цените зголемени за 17,1 отсто, а во истиот период, цените на мало пораснале за 13,3 проценти.

Растат трошоците за живот. За една година, од јануари 2022  до јануари годинава, цените зголемени за 17,1 отсто, а во истиот период, цените на мало пораснале за 13,3 проценти.

Промени има и во изминатиот месец. Податоците на државниот завод за статисика покажуваат дека од декември минатата година до јануари 2023 година, трошоците за живот големени се за 0,1 отсто, додека цените на мало, се пониски за 0.4 проценти. Според индексите, најголем раст има кај комуналните услуги и електричната енергија.

„Во јануари, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај собирањето смет за 4.6 %, весници, книги и канцелариски материјал за 4.3%, електричната енергија за 3.7 %, другите услуги, неспоменати на друго место за 3.2%.“ – велат од Државен завод за статистика.

И покрај намалување на цените кај одредени производи, граѓаните велат, едвај врзуваме крај со крај. Според податоците на државниот завод за статистика, во јануари за 0.5 отство поскапеле лебот и житата, додека пак цената на месото е променета за 0,6 проценти.

Највисок раст на цените во јануари од 1,9 отсто е забележан кај кафето, чајот, какаото, како и кај рибата и морските плодови чија цена е зголемена за 1,6 процент. Жестоките пијалаци поскапеле за 1,1 отсто.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close