fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Реакција на Иницијативниот одбор-Стомнароски сам се демантира

Со ова се виде кој на која страна е, и кој е виновен за целата оваа ситуација со катастрофалниот откуп на тутунот од оваа реколата, стои во изјавата од Иницијативниот одбор.

Иницијативниот одбор на тутунарите од ФБ групата „Македонски тутунари“ веднаш реагираше на изјавата на Менде Стомнароски од Сојузот на тутунарски здруженија со која тој отстапува од повлекување на поверениците . Од ИО велат дека „Стомнароски сам се демантира“.

-Почитувани тутунопроизводители Сојузот на земјоделски здруженија предводен од Менде Стомнароски кој пред само неколку дена даде изјава дека е ‘десна рака’ на ИО и дека е на страна на тутунарите, изјави и дека првиот работен ден од новата година, понеделник, ќе се повлечат поверениците и откупот ќе запре. Истиот тој Стомнароски денес сам себеси се демантира дека тоа нема да се случи, односно нема да ги повлечи поверениците во понеделник. Тоа е доказ дека Сојузот не е на страна на тутунарите, туку на страната на откупувачите кој го вршат овој грабеж врз тутунопроизводителите. Со ова се виде кој на која страна е, и кој е виновен за целата оваа ситуација со катастрофалниот откуп на тутунот од оваа реколата, стои во изјавата од Иницијативниот одбор.

А.Б

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close