Агро бизнисВестиМакедонија

Мета: Поддржете ги земјоделците од Поградец, инаку ќе заминат да работат во Македонија

Албанскиот претседател вели дека не треба потта на земјоделците да завршува во канали, зашто овие луѓе повеќе нема да се занимаваат со земјоделство, доколку производите завршуваат во канали и на улица

Албанскиот претседател Илир Мета ја пофали Македонија за младинските и економските политики што ги спроведува, поради кои младите од пограничните албански подрачја веќе со децении својата ехзистенција ја наоѓаат токму кај „нашиот сосед и добар пријател“.

-Во однос на младинските политики, треба да се прашаат младите од Поградец зошто треба да одат и по 30 години да работат во Македонија. Не велам да се споредиме со Данска или Германија, но имам едно прашање за сите жители на Подградец, бидејќи сме толку многу блиску до Македонија. Може ли да се споредме со Македонија? Го поддржувале ли земјоделството? Не, колку што тоа го прави Македонија. Ниту една седмина од она што го прави Македонија, ниту една петина од Косово, изјави Мета за локалната телевизија во Подградец.

Додаде дека земјоделството и фармерите треба да се поддржуваат и овој сектор да стане активност, која треба да биде не само работа, туку и профитабилна дејност.

Според него, не треба потта на земјоделците да завршува во канали, зашто овие луѓе повеќе нема да се занимаваат со земјоделство, доколку производите завршуваат во канали и на улица.

-Но, ако луѓето се одлучиле да се занимаваат со земјоделство и нема да се занимаваат со туризам, бидејќи и овој сектор не се поддржува како што треба. Па, тогаш со што се занимаваат повеќето семејства? Сите не градат хидроелектрани! И не се сите олигарси? Значи, повеќето семејства во Албанија се занимаваат со земјоделство, и не само во Албанија, туку и во Македонија и насекаде, рече Мета.

Ако не ги поддржувате, додаде, сигурно дека ќе ја имаме оваа ситуација „младите да бегаат во Македонија и да работат, бидејќи тие таму се подобро платени отколку овде“.

-Да спомнам и друг план со Македонија. Проверете го рангирањето на Светска банка во „Work Doing Business“ за бизнис климата во една земја. Македонија е толку многу години од 7-то до 15-то, 16-то место на светско ниво, изјави Мета.

Тој посочи дека не само во Подградец и округот Корча, туку во целата земја рак рана е депопулацијата на населението, која е на највисоко ниво во регионот, на која под итно треба да се стави крај.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close