вестиСоветиТоп вести

Интегрално производство на домати во заштитен простор

 

Вовед :
Оваа препорака е наменета за производителите кои се занимаваат со производство на
домати во заштитен простор.
Целта на интегралното производство е да се овозможи добивање на високи, стабилни квалитетни
и неинтоксицирани производи, се со цел да се зачува човечкото здравје,природата и околината,
како и корисните инсекти – предатори.
За да се постигнат врвните резултати во производството кај доматата приоритетно место треба
да заземе методот на интегрално производство.
Значајно е да споменеме дека хемиските мерки не се исклучени од интегралното производство.
Напротив тие се нејзин составен дел, но нивната примена е рационализирана и определена врз
основа на претходно утврдени еколошки и економски прагови на штетноста, односно болестите и
штетниците се одржуваат на најнискиот праг .
Успешно интегрално производство на домати во заштитен простор може да се очекува само ако
се врШи континуирано следење на појавата на болести и штетници односно на два до три дена во
текот на целата вегетација.
Интегралното производство на домати во заштитен простор ги опфаЌа следните мерки:
• едукација на фармерите – производители на домати;
• Хигиена, односно обезбедување зона без плевели околу пластениците – стаклениците,
• обезбедување на здрав расад за производство,
• редовно треба да се врши контрола на болестите и штетниците;
• мониторинг- препознавање на болестите и штетниците како и примена на препарати од
зелената листа, одстранување на растителните остатоци од пластениците – стаклениците,
• сите рабони операции треба да отпочнат од здравата кон заболената зона;
• да се спречи ширењето на штетни организми од страна на лугето,машините, алатките и
водата.
• користење на соодветна градинарска почва (тресет) за производство на расад
• одржување на оптимални фактори за растење и развиток;
• правилна обработка на почвата;
• користење за производство растресити и богати почви со органски материи;
• дезинфекција на почвата по методот на запарување со водена пареа или соларизација,
избегнувајки ги од употреба радикалните пестициди;
• избегнување од употреба на хлоридни губрива;
• правилна употреба на минерални и органски губрива за основно губрење врз основа на
агрохемиска анализа;
• правилно и избалансирано потхранување на основа агрохемиска анализа;
• правилно одржување на електроспроводливоста ( ЕЦ вредноста) на почвата а поврзано со
електроспроводливоста на водата за наводнување;
• одредување на правилна норма на вода по растение или метар квадратен;
• методи на расадување и систем на одгледување;
• користење на помалку токсични пестициди од четвртата група на отрови односно
пестициди од зелената листа;
• можности за воведување на биолошки метод на заШтита;
Пред да се започне со интегралното производство на домати во заштитен простор треба да се
обезбедат оптимални услови:
Температура
Доматите имаат големо барање кон топлината во текот на целиот развиток. Не поднесуваат ниски
температури; на 100С го прекинуваат растот а на 150С не доага до цветање. Најдобра
температура за поникнување на семето е 250С. Растенијата добро се развиваат на температура од
18 – 250С преку ден и 16 – 180С преку ноЌ. При температури повисоки од 250С животните процеси
кај доматите стивнуваат а при повисока температура од 300С сосема престануваат. Оптимална
температура на почвата за правилно функционирање на кореновата система е во границите од
24- 31 0 С.
Почва
Доматите се помалку прибирливи на типот на почвата во споредба со други градинарски култури.
Најдобри резултати даваат на длабоки растресити и богати со лесно усвоиви хранливи материи
почви. Кај нас за одгледување на домати поволни се сите алувијални, делувијални и наноси по
котлините.
Оптимална реакција на почвата за доматите е слабо кисела реакција со рН 5,5 – 6,5.
Влага
Доматите имаат голема потреба за влага посебно во почетните фази од развитокот. Тие развиваат
голема надземна маса , голем број на плодови за многу мал период. Нередовното наводнување
доведува до деформација на плодовите.
• оптималната релативна влажност на воздухот треба да изнесува од 50 – 60 %, што е во
тесна зависност од типот на доматата, а истовремено да не се дозволи пресушување на почвата,
односно користење на оптимални норми на вода по растение или метар квадратен.
• одржување на оптимален светлосен режим;
• користење на најповолни агротехнички мерки: губрење, избор на поврШина, обработка,
избор на сорта и сл.;
• создавање на посебни можности за пренамножување и одржување на корисните
предатори, што се овозможува со користење на ниско токсични пестициди односно пестициди од
зелената листа;
• најголемо влијание од комплексот на фактори има избалсираната исхрана и
одржувањето на условите за растење и развиток на културата;
Светлина
Доматите се големи љубители на светлината. На слабото осветлување најчуствителни се
младите растенија, расад. Недостатокот на светлината доведува до етиолирање на растенијата,
до појава на издолжување на интернодии се , задоцнува образовување на цветовите и плодовите
и драстично намалување на приносите.
Хранливи материи
Од недостаток или виШок на хранливи материи се јавуваат бројни симптоми на заболување само
тие се од типот на непаразитски болести – болести кои не се пренесуваат.
Добрата исхрана е услов за зголемување на имунолоШките особини на
растенијата бидејки ги прави отпорни кон Штетните агенси
Основна задача на секој производител за добивање на високи и квалитетни приноси е точното
определување на моментот на првото потхранување, обично тоа се врши по три до четири недели
по расадувањето и продолжува да се врши на секој 7 – 10 дена во текот на целата вегетација.
Потхранувањето во текот на вегетацијата паралено се врши со наводнувањето. Оваа мерка може
да се извршува по стандарден начин како и наводнување и исхрана по системот капка по капка.
Значајно е секој производител овие две мерки правилно да ги извршува, бидејки вишокот или
недостатокот на хранливи материи во почвата се одразува негативно врз растењето и развитокот
на културата.
Вишокот на ѓубрива доведува до зголемување на концентрацијата на соли во почвата
при шо доаѓа до:
• растенијата изгледат како да патат од недостаток на вода;
формират темни и ситни лисја;
• имаат слаб пораст, особено во врвниот дел на растението;
• слабо формират филизи;
• доаЃа до завенување на лисната маса особено во најтоплите часови од денот;
• абортирање (сушење) на тек формираните плодови;
До колку се констатира таква симптоматика производителите се должни да
извршат промивање на вишокот на соли со обилно еднократно или повеЌе кратно
полевање
Многу ниското ниво на соли (електроспроводливост) на почвата причинува:
• растенијата да формират крупни, меки и бледи лисја;
• формирањето репродуктивни органи да биде забавено;
• главното стебло е сочно и кревко;
• зголемена е осетливоста на габни болести (пламеница, пепелница, сиво гниење) и се
плен на штетните инсекти;
• масовно абортирање на младите плодови;
• кората на плодовите е млитава и жолтеникава – доага до нагло венење во најтоплите
часови од денот;
До колку се констатират овие симптоми, симптоми на гладување производителите
треба да изврШат избалансирано потхранување
ПАРАЗИТСКИ БОЛЕСТИ И ШТЕТНИ ИНСЕКТИ
Доматите ги напагаат голем број на болести и штетници. Во основа тие се непаразитски и
паразитски.
Од паразитските болести најзначајни се: сечење или топење на расадот, пламеница, пепелница,
бактеријални заболувања и вирозите. Додека непаразитските болести се причинети најчесто од
недостаток или вишок на хранливи елементи.
Од штетните инсекти: лисниот минер, оранжериска белокрилка, лисни вошки, црвеното пајаче а
најголеми штети предизвикуват фитопаразитските нематоди или коренови нематоди.

Дипл.инг.агр.Зорица Илкова

Извор:АПРЗ

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close