вести

Инвестиција на млекарницата Бимилк вредна 2 милиона евра

mleko

Модерната машина за ПЕТ-пакувања ќе доведе до зголемување на производствените капацитети на Млекарницата до 50 насто.

Битола, 27.02.2017: Најголемата млекарница во Македонија продолжува да вложува во врвна технологија и во зголемување на производствените капацитети. Најновата инвестиција во износ од 2 милиона евра се однесува на набавка на современа опрема за полнење ПЕТ-шишиња. Опремата е веќе доставена во Млекарницата и со неа се произведуваат Битолски јогурт, Битолски густ јогурт и Баланс+ во ПЕТ-амбалажа.

Новата „ultra clean“ машина, од најнова генерација, овозможува уште поголема сигурност и исклучителен квалитет на производите. Станува збор за флексибилна машина која може да полни различни формати на производи, во ранг од 250 г до 1 500 г. Оваа најмодерна машина има капацитет на полнење од 6 000 до 7 000 шишиња, што ќе доведе до зголемување на производните капацитети на Млекарницата за 50 насто.

„Новата машина, која ќе го зголеми капацитетот на производството во Млекарницата, ќе овозможи, пред сè, задоволување на потребите на сè поголемиот број потрошувачи. Наша долгорочна цел е да ја одржиме лидерската позиција на пазарот, а ова можеме да го постигнеме, пред сè, ако се обѕираме на потребите на потрошувачите и со континуирано вложување во квалитетот на производите и со унапредување на производството. Благодарение на новата инвестиција, потрошувачите ќе можат да уживаат во своите омилени производи: Битолски јогурт, Битолски густ јогурт и Баланс+  во попрактичното ПЕТ-шише“, изјави Полексена Јанкуловска, маркетинг-менаџер на Бимилк.

Бимилк е лидер во производството на млеко и млечни производи во Република Македонија. Оваа година компанијата одбележува 65 години од работата. Како резултат на континуираното вложување, на подобрувањето на процесот на производство и на постојаното збогатување на своето портфолио на производи, Бимилк денес е најголемата млекарница присутна на нашиот пазар и ужива доверба на повеќе од милион потрошувачи.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close