fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Битиќи најави дополнителен раст на платите за 10-20 отсто

Просечната исплатена нето плата по вработен во Македонија според официјалните податоци на Државниот завод за статистика за месец март 2023 година, е рекордни 34.925 денари, пишува на фејсбук вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.

Просечната исплатена нето плата по вработен во Македонија според официјалните податоци на Државниот завод за статистика за месец март 2023 година, е рекордни 34.925 денари, пишува на фејсбук вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.

Индексот на исплатената нето плата за месец март 2023 споредена со исплатената просечна нето плата по вработен за март 2022, посочува Битиќи, е 112,4 и веќе се доближува до индексот на трошоците на живот (инфлација) кој за месец март според ДЗС изнесуваше 114,7. Трендот на намалување на инфлацијата, според него, ќе продолжи и понатаму во текот на оваа 2023 година, а тоа го покажуваат и сите релевантни институции во своите проекции: НБРСМ, Светска Банка, ММФ.

– Оваа влада со носењето на предвидливи и конзистентни економски политики и понатаму ќе овозможи константно зголемување на стандардот на своите граѓани чии плати се очекува да продолжат да раснат 10-20% во наредните неколку месеци. Дополнително креираме нови високо платени работни места, носејќи инвеститори кои воведуваат нови технологии и чии производи и услуги имаат висока додадена вредност, што неодминливо ја зголемува продуктивноста на целокупната домашна економија, а тоа е основниот двигател на растот на платите кои се повеќе и повеќе ќе растат, наведува во објавата вицепремиерот Фатмир Битиќи.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close