fbpx
ВестиСоветиТоп вести

ИСХРАНАТА-ФАКТОР НА ПРОФИТАБИЛНОСТА ВО ОВЧАРСТВОТО

 

Најчести проблеми за кои би морало да се проговори во овчарството се:

Несигурен пласман (месо, млеко, волна)

Нестабилна цена

Слаба кредитна спосообност на фармерите

Незначителни вложувања на банките во овчарството

Недостаток на долгорочна политика за   унапредување на овчарството

Слаб расен состав на овците

Спор процес на здружување на фармерите

Досегашните истражувања кои го максимализирале односот на вложување и на производство, покажаа дека главните цели на истражувањето, методите и техниките можат да се подредат во следните сегменти:

  1. Обезбедување на храна и исхрана на овците и тоа: а) подобрување и чување на пасиштата, б) подобрување на техниката на напасување и искористување на пасиштата, в) превентива и контрола на пасиштата во поглед на болестите, г) зимско држење на овците, подготвување на сено, силажа, како и подобрено хранење за време на овој период.
  2. Создавање на генетскиот потенцијал и тоа: а) создавање на концепција во правец на развој на овчарството, б) избор на раси и селекција на родителски парови, в) методи на оплеменување и систем на парење.
  3. Зголемување на плодноста и тоа: а) подобрување на исхраната, б) генетско подобрување со примена на селекција и хибридизација.
  4. Редукција на интервалот на јагнење и тоа: а) генетско подобрување на примена на селекција и хибридизација, б) индукција и синхронизација на еструсот.
  5. Зголемување на способноста на производство на јагниња и тоа: а) систем на јагнење, б) воведување на вештачко осеменување, в) вештачко, односно рано одбивање на јагнињата, г) развој на интензивно гоење, д) контрола на надворешните фактори.

ИСХРАНА НА ОВЦИТЕ ЗА ВРЕМЕ НА ЈАГНЕЊЕТО

Во производството на овците најважна цел е добивање на максимален број на јагниња по овца или по површина (хектар). Поголем број на нашите овци се јагнат само еднаш во годината. Тоа значи дека секоја јалова овца е изгубена вредност во таа година. Поради тоа бројот на родени и одгледани јагниња е еден од најважните фактори за добро производство на овците, а како надворешен фактор исхраната е најважната ставка во ефикасноста на одгледувањето на овците.

Препорачливо е да веднаш по јагнењето, овците да се стават во посебен бокс, а во исто време концентратот треба да се намали, а сеното да се дава без ограничување. Крмите мора да се со добар квалитет и лесни за варење, а и многу вкусни. Преоѓање на нормална дажба е на 5-7 дена по јагнење. Тогаш започнува исхраната со концентрат, која може да е составена од исти делови на јачмен и трици. Вода мора да имаат објагнетите овци во доволно количество.

Во организмот на овцата се наоѓаат околу 40 различни минерални елементи. Од физиолошко значење се само 16 елементи и овие мора да се внесат со храната. Има елементи што се токсични, и тие се изучуваат поради опасноста од нивно присуство.

Секоја клетка во организмот содржи минерали, и тоа коските содржат 99% калциум, 80-85% фосфор и околу 70% магнезиум.

Најважни извори на минералните елементи се храната, минералните додатоци и водата.

МИНЕРАЛНИТЕ МАТЕРИИИ се составени од две групи.

-макро елелменти кои во крмите ги има во значајни количества (натриум, хлор, калциум, фосфор, магнесиум, калиум и сулфур) и

-микро елементи (олиго елементи), кои во крмите ги има во незначително количество (јод, железо, молибден, бакар, кобалт, манган, цинк и селен).

МИНЕРАЛНО-ВИТАМИНСКИТЕ МАТЕРИИ се многу важни и неопходни материи.

Сите овие материи во одредено количество се неопходни за организмот. Вишокот на некој од нив може да биде неповолен.

При дефицитот на  се појавуваат одредени негативни појави. Така, при дефицит на:

НАТРИУМ И ХЛОР- Апетитот е намален, прозводството на млеко и гоењето се намалуваат. Исто така, се јавува ненормален апетит, па овците лижат земја и ѕидови, гризаат дрво или јадат отровни растенија, кои обично не ги јадат.

КАЛЦИУМ- Појава на рахитис кај младите и остеомалација кај возрасните животни. Овој елемент е во тесна врска со фофсфорот и со витаминот Д. Односот помеѓу Са и Р треба да е 2:1, односно не треба да е широк.

ФОСФОР При недостаток на витамин Д, обавезно доаѓа до појава на симптоми на недостаток на на фосфор. При пасење на пасишта со осушени трева, овците можат да појават симптоми на дефицит на фосфор. Исто така, до појава на симптоми на недостаток на фосфор, може да дојде и кога оброкот ќе содржи голем дел на споредни производи од преработки на шеќерна репка. Често пати, овие симптоми се јавувааа и кога има хронични инфекции на овците со паразити.

МАГНЕЗИУМ- Пашната тетанија (хипомагнеземија) е честа појава кај овците на млада трева и е класичен знак за недостаток на магнезиум во оброкот за овците. Најчеста кај овците што дојат, бидејќи троШат магнезиум преку млекото, а тревите имаа малку магнезиум. Овците се хипернаразливи, нервозни, а јагнињата паѓаат на страна, со испружени и укочени нозе. Се појавува пена и слина, а може и да умре животното.. Ова е најчесто 4-5 недели по јагнење, кога потребите за магнезиум се најголеми.

ИЗВОРИ НА МИНЕРАЛИ СЕ ЗА:

НАТРИУМ И ХЛОР-Солта во брашнеста форма, овците повеќе ја јадат, отколку во форма на блокови, иако со минералните блокови за лижење на база на сол манипулацијата е значително полесна. Наместо да лижат овците, често пати ги гризат овие блокови, што доведува до кршење на забите.

КАЛЦИУМ- Сточната креда е најефтин и најдобар извор на дополнителен калциум.

ФОСФОР- Најдобар извор е мононатриум фосфат, диамониум фосфат и монокалциум фосфат.

МАГНЕЗИУМ- Магнезиум карбонатот, монокалциум магнезиум фосфат и магнезиум оксид се најдобри додатни извори на магнезиум.

Кабастите крми (волуминозните) крми претежно се богати со калциум, а сиромашни со фосфор, додека со концентрирани е обратно. Затоа при исхрана со кабасти крми се додава концентрат и така се поправа недостатокот на фосфор. Најдобро е да се користат фабрички смески на минерални  материи. Овците и козите натриумот го добиваат преку сточната сол, која треба да се дава секојдневно, со тоа што нејзиното количество треба да се зголеми за време на молзењето.

ВИТАМИНИТЕ се многу значајни за животните, посебно во критичните периоди (при растењето, при молзењето, при бременитоста, при јарењето и сл). За овие животни најзначајни се витамините А. Д и Е. Витамините можат и фабрички да се вмешаат во минералните материи во потребните количества, но се продаваат и во течна состојба, така да одгледувачот може и сам да ги дава. Потребно е витамините да се даваат 3-4 пати годишно.

ИСХРАНА НА ОБЈАГНЕТИ ОВЦИ

Потребите во хранителни материи кај овците во првата половина од млекодајниот период се најголеми, па затоа ако сакаме да го искористиме генетскиот потенцијал на овците за давање на млеко, мораме на исхраната на овците да и посветиме поголемо внимание. Ова уште повеќе се потенцира со тоа што овој период во наши услови се совпаѓа со зимските месеци, кога овците не се во состојба да си ги обезбедат потребите преку паша, туку сточарот, т.е. овчарот треба да води сметка тие потреби да ги обезбеди од рака, односно преку давање на сено, силажа, жито, концентрат и др.

Со оглед на анатомскиот состав на органите за варење, при исхраната на ојагнетите овци треба секогаш да се настојува најголемиот дел од дневните потреби да се обезбеди од кабасти крми (70-80%), било тоа да се суви или сочни, а помалиот дел преку концентрати (20-30%).

Потребите на овците за време на млечноста се многу поголеми од било кој друг производен период. Овците остваруваат максимално производство во првите 2-3 недели по јагнењето. Во зависност од начинот на исхрана, високото производство на млеко може да се одржи во првите 8 недели, а потоа нагло опаѓа. Со млекото во целост се задоволуваат потребите на јагнето во првиот месец, додека во вториот месец може да се обезбеди само дел.

Преку исхраната на објагнетите овци треба да се задоволи производството на млеко, волна и одржувањето на нормалната кондиција на овцата, за да може овцата потоа правилно повторно да се оплоди.

Иако постојат индивидуални разлики, дневното количество на произведено млеко се движи кај нашите овци од 300-1500 г. Кај овчеполкските, каракачанските и шарпланинкските соеви на праменки, млечноста често е само 500-800 г, а кај авасите (млечни овци) дневната млечност оди и до 1500-1800 г.

Производството на млеко може доста да се подобри со избор на вкусни и квалитетни кабасти крми. Ако нема доволно квалитетно сено за исхрана на овците во текот на зимата, најдоброто сено треба да се остави за дојните овци. Испашата со добар квалитет е одлична храна за дојните овци и треба да се користи што е можно подолго. Иако овците треба да се хранат според нивната жива маса и бројот на јагниња, (едно или две), Обично 2 кг добро луцеркино сено и 1 кг житарици, во целост ги задоволува потребите на овците. Дневното количество концентрат по грло зависи пред се од цената, но никако не треба во периодот на првата половина на лактацијата да биде помало од 300 г по грло дневно. Инаку, максималното количество  може да изнесува и 600-800 па и 1000 г. Концентрираните крми обично се даваат во вид на крмни смески, т.е. концентрати, кои приближно содржат 100 г сварливи протеини на една овесна единица. Давањето на концентратите во вид на крмни смески се врши поради тоа што преку овој начин се олеснува работата на овчарите, а и со комбинирањето на крмите се подобрува биолошката вредност на протеините од концентратите.

Ако се замени луцеркиното сено со ливадско (детелина) тогаш треба да се додаде и протеински додаток (сончогледово ќуспе, соино ќуспе). Исхраната на овците со близнаци треба да е пообилна, бидејки и млечноста е пообилна и тоа за 20-40%.

Нормативите за исхрана на објагнети овци се основа за правилно балансирање на дажбата и економиката во исхраната. Следен чекор е преведување на вредностите од нормативот во практични дажби. Кај овците со повисока млечност, присутни се два основни проблеми:

–              На почеток на лактацијата повеќе фактори го ограничуваат количеството на конзумирана храна:

–              На крај од лактацијата не треба да им се дозволи на овците да конзумираат преголеми количества на храна,

Дневното количество на концентрат зависи од количеството и квалитетот на кабастата храна, од расата на овцата, од телесната кондиција на овцата пред јагнење и од бројот на јагнињата кои ги дои. Ако овците се хранат со квалитетно сено или со комбинација од 1 кг сено и 3-4 кг пченкарна силажа, тогаш доволно е дневно 200-250 г на концентрат. Кога овците се во лоша кондиција и кога дојат близнаци, треба да се дава дневно од 350-400 г на концентрат. На овци со многу лоша кондиција треба да им се дава 500 г концентарат дневно.

Сочните крми (силажа) имаат многу добро влијание на млечноста на овците и на варењето на целата храна, И затоа е препорачливо да се користат за дојни овци. Ако нема секогаш на располагање доволно свежа питка вода, треба да се појат овците најмалку два пати дневно.

Кога јагнењето е во текот на периодот на испаша, нема потреба за додатно прихранување на овците. После 3-4 дена од јагнењето треба да почне да се дава концентрат, и тоа на почеток околу 100 г по овца, а потоа да се зголеми на 200-300 г и повеќе, во зависност од пашата, бројот на јагнињата и др. Исхраната мора да ги задоволи потребите на овците, бидејки доаѓа до прекин на преживање, помал апетит, или одбивање на храна, а со тоа и намалување на млечноста. Ова е почесто пример кај објагнети овци во затворени објекти (овчарници), него кога се овците на испаша.

За време на јагнење на овците треба да им се даде само 0.6-1.0 кг сено дневно. Ова количество треба да се подели на два дела-за наутро и навечер. Во првите 24 часа по јагнењето сеното сеуште е единствена крма. Потоа на 3-4 дена по јагнење се дава и концентрат, како што беше порано објаснето. На овците кои имаат помала млелчност и дојат само едно јагне, покрај квалитетно луцеркино сено треба да им се комбинација на концентрат од пченка и јачмен, пченка+пченица+јачмен, итн.

За овци кои даваат повеќе млеко или дојат две или повеќе јагниња, покрај квалитетно сено, треба да се обезбеди протеински оддаток (сончогледово ќуспе, соино ќуспе), заедно со зрното од житарици. Вакви концентрати можат да бидат дополнителни смекси за овците по последната третина од сјагноста. Исто така, добро е да во овие концентрати се додаде и брашно од дехидрирана(вештачки исушена) луцерка, суви репкини резанки и др., бидејки имаат протеини кои проаѓаат неразградени до цревата, а имаат позитивно влијание на млечноста, а со тоа и на порастот на јагнињата.

Зголеменото производство на млеко кај овци со 2-3 јагниња, е последица на почесто стимулирање на активноста на вимето. Повеќе јагниња почесто цицаат и со тоа доаѓа до почесто празнење на вимето во текот на еден ден. По постигнување на максималната дневна млечност, кај овие овци поизразено е опаѓањето на млечноста него кај овците со едно јагне. Тоа значи да кај овци со повеќе јагниња треба порано да се почне со прихранување на јагнињата, за да не дојде до нагло опаѓање на нивниот интензитет на пораст.

Во првите 4-6 недели постои оправдана потреба за прихранување на овците со концентрати. По ова, дневното количество на концентрат треба да се смалува, така да со 10-12 недели веќе нема потреба од нивно користење, нормално ако кабастата крма е со добар квалитет. Ова е особено случај со држење на овците на богати пасишта. Во текот на зимскиот период на исхрана, после 10-та недела на лактација, може во целост да се исклучи концентратот, ако дажбата се состои од квалитетно сено (или силажа) и одредено количество на корено-кртолести крми (резанки од шеќерна репка).

Ако јагнењето е во текот на зимата, покрај сено на овците треба да им се дава и топол напој од пченични трици или сомелено зрно од јачмен. Во 1 литар на млака вода треба да се додаде 50-100 г на трици или јачмен.

Докажано е дека тежината на јагнето до возраст од 30 дена и количеството на произведено млеко се заемно поврзани. Повеќе фактори влијаат на млечноста, како што се возраста на овцата, здравствената состојба, времето на јагнење, бројот на објагнетите јагниња, наследните фактори, и во најголема мерка исхраната.

Јагнињата можат да се одбијат на 3-4 недели, а покасно. Обично тежината на јагнињата на 6 недели возраст представува важен критериум за млечноста на овцата. Овците на почеток на лактацијата имаат доста големи потреби во концентрат (до 1.5 кг/ден), како дополнување на кабастите крми. Потребите во енергија за овци со две јагниња на почеток на лактација се за околу 25% поголеми од потребите на овците со едно јагне. Инаку, пракса е на напредните одгледувачи на овци да ги хранат дојните овци со 0.5-1.0 кг на концентрат по грло дневно.

Овците со две јагниња даваат 40% повеќе млеко од овците со едно јагне, И на запад се препорачува тие овци да се одделени од другите, за да се хранат према потребите и пообилно од овците со едно јагне.

Овчото млеко има поголема енергетска вредност од кравјото, бидејки има повеќе масти, протеини и шекери. За производство на 1 кг овчо млеко потребно е:

–              0.75-1.06 овесни единици,

–              100-110 г сварливи протеини,

–              3.5 г калциум и

–              2-2.5 г фосфор.

Од целиот производен циклус, лактацијата е најосетлива фаза на производство.

Во текот на лактацијата најголеми промени се во содржината на млечна маст. Со одминување на лактацијата, се зголемува сувата материја, се зголемуваат мастите, па потоа и протеините, а за разлика од нив содржината на лактоза (млечен шекер) опаѓа со текот на лактацијата. Покрај производството на млеко, се создава и волна, а и младите овци растат, па нормално е да овците ослабат во текот на млечноста.

Потребите на дојните овци се утврдуваат на основа на просечниот дневен прираст на јагнињата во текот на првите 20-25 дена. За формирање на 100 г прираст кај јагнињата, потребно е 500 г мајчино млеко, т.е. за 1 кг прираст потребно е околу 5 кг мајчино млеко. За синтеза на овие количества млеко, потребно е овцата да конзумира 0.3 кг овесни единици над одржните потреби, 40 г сварливи протеини, 1.9 калциум и 1.2 г фосфор.

Често пати за да не се појави маститис, на овците во првите 2-3 дена по јагнење им се дава само сено, а потоа се воведува концентратот. Обично во дажбата за дојни овци, во зимскиот период на исхрана, треба да се даваат 1-1.5 кг сено со добар квалитет (ситно), 3-4 кг силажа, 0.3-0.5 кг слама и 0.3-0.5 кг концентрат. Ако првата половина од лактацијата е во пашен период, овците треба да се прихрануваат со концентрати.

На овците треба да им се дава сол во комбинација со минерали. Постојат минерални грутки кои овците ги лижат во текот на денот.

Посебно внимание треба да се посвети при премин на овците од испаша на дажби со висока содржина на зрнести крми. Овој прелаз мора да биде постепен, за да би се избегнала појавата на различни дигестивни и други проблеми.

Во вакви случаи доста раширена пракса е да овците почнат со дажба која содджи 70% сува материја од кабастите крми, а да секоја недела се смалува содржината на кабастите крми за 10%, се додека не се постигне саканото ниво на енергија.

Табела 1 Шема на преоѓање на овците на дажби со високо учество на концентрат

 

Ден       Зрнеста смеска + протеински крми, % СМ*     Сено,

% СМ*

1-2          0              100

3-4          20           80

5-6          40           60

7-8          50           50

9-10       60           40

11-12     70           30

 

СМ* = Сува материја

 

БАЛАНСИРАЊЕ НА ДАЖБИТЕ ЗА ОВЦИ

Балансирањето на дажбите за овци во основа е слично како и балансирањето на дажбите за говеда. За да се обезбеди соодветна кабасност, и концентрација на енергија, треба најмалку 2, а најмногу 3% сува материја кабасти крми на 100 кг жива мера. Вкупното количество на конзумирана храна не треба да прејде 3.5-4.0% сува материја од телесната маса на овцата.

 

При пресметувањето на содржината на сувата материја во дажбите за дојни овци, можат да се користат следните препораки, кои претставуваат просечна содржина на сува материја (во кг) во 1 килограм на крма со природна влажност:

  • Сува кабаста крма (сено, слама, пчен. шума) 0.80-0.85 кг
  • Сточна репа                                 0.22-0.24 кг
  • Силажа                                 0.20-0.30 кг
  • Житни крми и маслодајни ќуспиња (соја, сончоглед) 0.90 кг
  • Зелена крма (перко, кељ, луцерка, пченка) 0.15 кг

ДАЖБИ ЗА ОВЦИ

Добро составена дажба треба да го обезбеди животното со сите материи потребни за 24 часа. Многу крми со слична хранлива вредност можат меѓусебно да се заменат во дажбите за овци, само ако нивната цена дозволува. Од друга страна со замена се обезбедува добивање на најефтина дажба.

За да може да се состави дажба за млечните овци потребно е да се знае живата маса на овцата, расата, дали дои едно или две и др. На база на овие податоци и користејки ги табелите дадени во сите прирачници за исхрана на домашни животни, се определува нормативот изразен во  овесни единици, сварливи протеини, Са, Р и сл.

За да се добие појасна слика како се определува нормативот, како се прави крмна смеска и како се составува дажба може да се послужиме со еден пример.

Задача е да се состави дажба за овца тешка 40 кг од Оплеменета праменка (овчеполска или шарпланинска) со Виртемберг, која дои едно јагне.

Од табела може да се види дека нормативот т.е. дневните потреби за оваа овца е:

 

Овесни единици                             1.3 кг

Сварливи протеини      110 г

Калциум                                             10-15 г

Фосфор                                                5-7 г

Сол                                                        6 г

После одредувањето на нормативот ние составуваме дажба. На располагање ни се следниве крми: сончогледово ќуспе, пченични трици, јачмен, пченица, пченка, суви резанци од шеќерна репка, коскено бршно, сол, пченкарна силажа, ливадско и луцеркино сено.

Имајки ја во предвид предноста на концентратите, ние од крмите правиме таква смеска која приближно на една овесна единица ќе содржи 100 г сварливи протеини. Процентуалниот состав на таа смеска би изгледал бака:

Сончогледово ќуспе                     15%

Пченични трици                                             10%

Јачмен                                                 20%

Пченица                                                              15%

Пченка                                                 22%

Резанци од шеќ. репка (суви)  15%

Овисан – САНО                                  3%

На база на овие крми, со кои располагаме, и на база на хранителната вредност на крмната смеска, дажбата би изгледала:

Пченкарна силажа                                         1.5 кг

Ливадско сено                                 1.0 кг

Луцеркино сено                                             0.5 кг

Крмна смеска                                   0.3 кг

Споредувајки ја хранителната вредност на дневната дажба со нормативот, се гледа дека потребите во хранителни материи со помош на наведените крми се задоволуваат во целост.

Користејки се со овие препораки ние лесно може да составиме дажба, а преку тоа и да добиеме максимална продукција на овцата.

Овцата произведува четири работи во текот на годината, И тоа јагне, волна, млеко и арско ѓубре. Овците ги искористуваат отпадните крми од другите животни на некои фарми, тие се извонредни уништувачи на плевели, и поради конструкцијата на нивните усни тие можат да ги соберат житариците кои се како растур при припремање и конзервирање на некои крми. Овцата не побарува скапи објекти или опрема, или пак голема работна рака.

Овците се добри чистачи. Треба да се пуштат да ја избрстат тревата околу објектите, откако јагнињата ќе бидат продадени.

Табела 2. Дневни дажби за овци

Бр.         Тип на дажба    Први 100 дена од сјагност (45-65 кг)

Кг

  1. Луцеркино сено, добар квалитет

1.4-2.3

  1. Луцеркино сено, добар квалитет

Тревно сено

0.7-1.1

0.7-1.1

  1. Луцеркино сено, или тревно-луцеркино сено

Пченкарна силажа

0.7-0.9

1.8-2.4

  1. Тревно сено

Протеински додаток    1.4-2.3

0.1-0.2

  1. Пченкарна силажа

Протеински додаток    3.6-5.0

0.1-0.2

  1. Свежа сточна репка

Луцеркино сено, или тревно-луицеркино сено            2.3-2.7

1.0-1.5

  1. Тревно сено

Пченкарна силажа

Протеински додаток    0.9-1.1

1.4-1.8

0.1-0.2

Последни 6 недели од сјагност

(тел. маса 50-70 кг)        Во секоја од дажбите во десната колона треба да се додаде 0.25-0.35 кг

Овци во лактација

(тел. Маса 45-65 кг)       На секоја дажба во десната колона треба додавање 0.35-0.68 кг+0.1 кг протеински додаток И тоа кај секоја дажба која содржи помалку од 0.8 кг сено

 

Во табелата 2 количествата на сено се поголеми од потребните, бидејки растурот обично изнесува до 30%. Со зголемување на квалитетот на кабастите крми се намалува растурот и обратно.

Обично во исхраната на сјагни овци треба да се смета на вкупен  прираст од 7-11 кг

Пример1.

Ако дажбата не се нормира, тогаш за овци со средна големина (40-50 кг) може да се смета со 1.2-2 кг сено и 250-300 г концентрат дневно. Ако овцата има близнаци тогаш количеството на концентратот се дуплира. Обично 1 кг концентрат треба има околу 1 овесна единица и 120-150 г протеини т.е. 12-15% протеини. Една овесна единица значи дека 1 кг концентрат има ефект на овцата за производство на млеко како и 1 кг на овес, 0.75 кг пченка, 0.82 кг пченица, но само во однос на енергијата. Овој концентрат треба да има двојно повеќе протеини од пченката. Кога нема доволно сено, ако има силажа може да се даде, но во однос 1 кг сено да се замени со 3 кг силажа.

Пример 2.

Во првите два месеци кога овците лачат највеќе млеко тие можат да конзумираат 4-6 кг на силажа (50% на пченка и 50% на луцерка), 0.6 кг сено, 250-300 г концентрат и помали количества на слама. Потоа силажата може да се намали на 3-4 кг, сеното на 0.4 кг, а количеството на концентрат на 150-200 г.

Во самата техника на хранење мора да постои извесен ред. Овците за време на лактација во зимскиот период мора да се хранат рамномерно. Во исхраната не смее да има нагли промени. Хранењето треба да е 3 пати дневно: насабајле, на пладне и навечер. Еден оброк се дава во два три наврати во помали количества. Хранење во овчарникот треба да се врши само во ладните и ветровити денови, а во сите други услови надвор од овчарникот на место засолнето од ветер.

Хранењето со силажа и свежи репкини резанки треба да е пред поење на овците, а концентратот се дава после поењето. Сламата се дава насабајле кога овците имаат поголем апетит, а сено на пладне и предвечер. Слама се дава исто така и навечер за да можат овците да ја јадат по желба.

Поењето на овците треба да е 2-3 пати дневно. Поилките треба да се чисти, а исто така не треба да се многу одалечени. Ако се многу блиску, тогаш може да се создаде кал пред самиот влез во овчарникот, а може и внатре. Калта е често пати основната причина за појава на кривотница. На едно грло му треба во пролет 3.5-4 литри вода, летно време 5-5.5 литри, на есен 3-3.5 литри, а во зима 1.7-2.3 литри. Постар подмладок од 5 месеци троши исто количество на вода како и возрасните грла.

Преоѓањето од зимска дажба на исхрана на паша треба да се врши постепено со претходно прихранување на овците насабајле пред да се истераат на паша. Треба да се избегнува пасење на овците на пасиште кое е покриено со слана, како и на пасиште со бујна трава која е покриена со роса, бидејки доаѓа до надув и умирање кај овците.

За време на пасењето овците најчесто целосно ги задоволуваат своите потреби. При ова се настојува, да пасиштата што подобро се искористат, т.е. од единица површина да се постигне што поголемо производство на тревна маса и со тоа да се добие максимална продукција на млеко од секое грло, а што се постигнува со користење на прегонскиот систем на пасење на овците.

 

Дипл. инж. агроном

Александар Христовски

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close