Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести
Исплатени 24 милиони денари за сончоглед од програмата ИПАРД
Максималната прифатлива количина на сончоглед е 2.500 кг / хектар, а поддршката изнесува 5 денари по предаден килограм.
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска ја изврши
исплатата за предаден сончоглед од реколта 2023.
Исплатени се 389 лица со финансиска поддршка од близу 24 милиони денари. Средствата за
оваа исплата се обезбедени од Програмата за интервентен фонд за 2024 година.
Корисници на оваа поддршка се земјоделските стопанства кои во производствената 2023
година имаат засадени површини со сончоглед, а оствареното производство го имаат
предадено во регистрирани капацитети за откуп директно или преку еден откупувач во период
од 15.08.2023 – 30.11.2023 година.
Максималната прифатлива количина на сончоглед е 2.500 кг / хектар, а поддршката изнесува 5
денари по предаден килограм.