Ве информираме дека од денес започнува исплатата на субвенциите за тутунот.
Голема благодарност до Министерот Димковски и Директорот Бабовски кои го оджаа своето ветување. Ова ни дава мотив да веруваме во сите нивни наредни ветувања и да се увериме дека имаме луѓе на позиција кои ги слушаат земјоделците и нивните барања и како највисоки претстаници на овој сектор дејствуваат и работат за добро на сите нас, змјоделците.
Јасно е дека ќе има и незадоволни групи на земјоделци кои одгледуваати други култури , но , драги мои , кога имаме соработници на функција кои сакаат да помогнат, со наша и ваша заедничка сугестија, со дописи, прашања ќе пробаме да ги средуваме барем поголемиот дел од проблемите.
Јас лично, верувам во вас земјоделци,верувам во вашата чесна и макотрпна работа и исто така верува дека ќе успееме. Патот е долг, искушенијата се големи, ќе губиме битки, ама верувајте, војната ќе ја добиеме.
Земјоделецот и сега а и во иднина ќе остане најважната личност на еден општествен систем. Можеби ни требаше пандемијата тоа да го сфатиме ама го сфативме сите до еден.
И верувам дека овие функционерите ќе ни помогнат во оваа мисија нарачена ЗАДОВОЛЕН И УСПЕШЕН ЗЕМЈОДЕЛЕЦ !
Како и да е, НАЈГОЛЕМА благодарност до Вас , пожртвувани луѓе, кои не храните секојдневно !
Ваша Зелена Берза
Одговорен уредник
Христина Фуна