Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести
Исплатени се средствата за вештачко ѓубриво до 2.168 производители на житни култури
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој –АФПЗРР реализираше повеќе исплати на мерки од Националниот план за производство на храна
Веќе е реализирана исплатата на финасиска поддршка за набавка на вештачко ѓубриво до 2.168 земјоделци производители на житни култури, со вкупна вредност од 36.5 милиони денари. Исплатата се реализира во текот на минатата недела, информираше МЗШВ. Со оваа исплата вкупната финансиска поддршка за набавка на вешачко ѓубриво изнесува 85.9 милиони денари за 5.475 земјоделци производители на житни култури.