fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаМлад земјоделецРурална ЖенаТоп вести

Исплатени субвенциите за остварен принос со пченица, јачмен, сончоглед, маслодајна репка и афион како и поддршката од 5 денари за килограм предаден сончоглед во 2023

Бачовски објави има исплата на субвенции-ПРОВЕРЕТЕ СМЕТКИ

Исплатени субвенциите за остварен принос со пченица, јачмен, сончоглед, маслодајна репка и афион како и поддршката од 5 денари за килограм предаден сончоглед во 2023 !, објави Никица Бачовски, директор на Платежата агенција
Исплатени се над 4300 полјоделци со сума од 252.2 милиони денари за остварено производство на пченица, јачмен, сончоглед, маслодајна репка и афион. Корисници на оваа финансиска поддршка се земјоделски стопанства кои оствариле минимални просечни приноси и тоа : 3000 кг / хектар со пченица и јачмен, 1500 кг/хектар со сончоглед, 1800 кг / хектар со маслодајна репка и 300 кг / хектар со афион.
Висината на поддршката е 6000 денари за пченица, сончоглед и маслодајна репка, 12000 денари за јачмен и 18000 денари за афион.
Кон 293 лица е извршена исплата во вредност од 14.7 милиони денари за предадено овошје во преработувачки капацитети.
Корисници на оваа поддршка се земјоделските стопанства кои имаат засадени површини со праска, вишна, малина, капина, аронија, гоџи бери, кајсија, јагода и калинка и кои оствареното производство во периодот од 26 декември 2022 до 25 декември 2023 го имаат предадено во преработувачки капацитети со овошје.
Висината на директните плаќања е 3️⃣ денари по килограм.
Извршена е и исплатата за предаден сончоглед во 2023 година.Исплатени се 389 лица со финансиска поддршка од близу 24 милиони денари. Средствата за оваа исплата се обезбедени од Програмата за интервентен фонд за 2024 година.
Корисници на оваа поддршка се земјоделските стопанства кои во производствената 2023 година имаат засадени површини со сончоглед, а оствареното производство го имаат предадено во регистрирани капацитети за откуп директно или преку еден откупувач во период од 15.08.2023 – 30.11.2023 година.
Максималната прифатлива количина на сончоглед е 2500 кг / хектар, а поддршката изнесува 5️⃣ денари по предаден килограм.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close