fbpx
ВестиТоп вести

IVLP – искуство што го менува животот

Отсекогаш сум верувала дека кога најмалку очекуваме, најубави нешта ни се случуваат. Верувам дека секоја наша иницијатива, секој наш придонес кој има позитивен импакт на заедницата отвора нови можности. Јас имав среќа да ја добијам за мене најголемата можност и награда на професионално поле – учеството на International Visitor Leadership Program за Женско претприемништво во САД.

54 учесници од 54 држави од светот од Перу до Франција, од Русија до Намибија, од Пакистан до Австралија, во периодот од 2-22 декември 2018, имавме можност да ја истражуваме Америка, да учиме од врвни експерти и лидери во своите области, да ги откриваме двигателите на Американската економија, просперитет и конкурентност и да ја надоградиме нашата перспектива за Американскиот живот.

54 жени претприемачи преку интелектуални и културни дискусии со владини претставници, врвни експерти, академци и претприемачи работевме заедно на промовирање на улогата на женското претприемништво за одржлив развој на целиот свет.

Уникатно искуство … Преку запознавање со моделот на федерализам кој владее во САД и функционирањето на владата во децентрализирана природа, и средби со организации и јавно-приватни-партнерства кои континуирано работат на создавање на можности за сите, особено жени и малцинства веќе добивате појасна перцепција за тоа како САД се движечка економска сила во светот.

Имавме задоволство да оствариме средба со помошникот државен секретар Мари Ројс, од Бирото за образование и културни прашања на Стејт Департмнентот, извонредна дама која со својот говор го потенцираше претприемништвото како движечка сила за економски раст во САД, а и во која било земја во светот. Запознавајќи се со моделот на бизнис екосистем во некои од државите во САД, реално е да се признае дека имаат единствен модел на бизнис екосистем кој ги адресира реалните потреби на луѓето, а воедно и ја промовира улогата на жената-претприемач како клучна алка за бизис екосистемот. Поврзувајќи го бизнисот со општетсвото преку промовирање на коорпоративна општествена одговорност, веќе се прави голем чекор напред преку иницирање на движење на луѓето за користење на бизнисот како сила за добра низ креирање на споделени вредности.

“Секој може да започне бизнис, но не секој може да го задржи и да постигне одржливост” – јавниот и приватниот сектор во САД преку поддршка на бизнис организации, Star up организации, акцелератори се фокусирани на обезбедување на поддршка на претприемништвото особено на жени претприемачи, од советодавни услуги, техничка подршка до пристап до финансии.

Изнанадува отвореноста на академските институции,приватниот сектор и организациите да споделуваат знаење, да менторираат и да соработуваат и со компании и организации кои во исто време се конкурентни.  Вмрежување и соработка со заедничка цел – создавање економски и социјални позитивни промени, се приоритет на секоја организација.

Восхитува развојот на руралните средини, и секојдневните иницијативи на намалување на јазот помеѓу урбаните и руралните средини и создавање еднакви можности за луѓето во руралните средини. Имавме чест да го посетиме Baton Rouge и да имаме средба со г-ѓа Валери Хоџ, Претставник на државата Лузијана и г-н Рок претставнит на департмент за економски развој. Имајќи ги во предвид предизвиците со кои се соочува оваа земја,  владата во соработка со приватниот и граѓанскиот сектор  заедно работат на отворање на перспективи за локалната заедница и преку bottom up пристап ги мотивираат луѓето да преземат лидерски улоги и да ја промовираат важноста на заедницата. Во руралните средини оезбедуваат можности за младите да го зголемат своето знаење за претприемништво, да ги зајакнат своите претприемнички вештини, поттикнуваат креативност и овозможуваат идеите да станат реалност, и да постигнат развој  и да остварат долгорочен успех.

За време на програмата посетивме 4 држави, 6 градови, остваривме многу состаноци со владини претставници, врвни експерти, академски професори и претставници на бизнис организации а имавме и можност да бидеме гости во Американски семејства за подобро да се запознаеме со нивниот секојдневен живот.

Отвореност, позитивност, желба за споделување и соработка, свесност и прифатливост на различностите и еднакви можности за сите ја прават оваа земја толку единствена.

Сум посетила многу земји, но од мое искуство, а и од искуството на другите учесници, во САД го имате тоа чувство на припадност.

Неможам да најдам доволно зборови да ги опишам своите импресии од IVL програмата. Според мене ова е најдобрата програма во светот која овозможува да ги зајакнете своите персонални и професионални вештини низ состаноци предводени од врвни експерти, да споделувате искуства и да градите пријателства со прекрасни личности од други земји од светот, и да ги научите најдобрите практики за оджлив развој кои би дале позитивен импакт на вашата земја.

Да се биде дел од оваа програма е уникатво и незаборавно искуство кое го менува вашиот живот…  Го промени мојот живот …

Марина Тошеска

ЛАГ Агролидер  Прилеп

 

 

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close