Агро бизнисБез категоријаВести
Изградбата на браната „Конско“ една од најсериозните инвестиции во македонското земјоделие
Водата за наводнување може да се користи и за производство на електрична енергија.
Изградбата на браната „Конско“ е дел од Хидромелиоративниот систем Гевгелиско поле, една од најсериозните инвестиции во македонското земјоделие, но, и на енергетски план, имајќи предвид дека транспортирањето на водата за наводнување може да се користи и за производство на електрична енергија.
Со оваа капитална инвестиција граѓаните на Гевгелија ќе имаат редовно снабдување со квалитетна, чиста и здрава вода за пиење, а плодниот македонски југ, гевгелиското поле, ќе има можност за пристап до дополнителни сериозни количини на вода за наводнување што е предуслов за подобар принос на земјоделските култури.