fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Маријана Дојчиновска, успешна жена земјоделка

Николовски во посета на успешна жена земјоделка добитничка на грант од мерката бизнис план, мерка преку која само минатата година се поддржани 115 жени земјоделки

Во текот на денешните активности, министерот Љупчо  Николовски оствари средба  на Маријана Дојчиновска, успешна жена земјоделка, која се занимава со сточарство и има сопствена фарма со 80 крави. Таа успешно ја има искористено и поддршката за набавка на трактор, а во 2023 година, преку мерката бизнис план од Националната програма за рурален развој, со грант поддршка до 10.000 евра, има набавено миксер за храна на добитокот и цистерна за течно ѓубре.

Новата мерка за бизнис план, која токму Маријана ја има искористено, им дава на земјоделците грант поддршка до 10.000 евра, за да можат сами да одлучат каква опрема и земјоделска механизација ќе набават. За само една година успеавме со оваа мерка да обезбедиме поддршка до 206 земјоделски стопанства, од кои 115 се токму жени земјоделки “,  истакна министерот Николовски.

Тој додаде дека од 2017 година, до денес, преку сите мерки што им се ставени на располагање, кон жените земјоделки се реализирала поддршка во вредност од 1,1 милијарди денари, поддржувајќи 1.700 жени земјоделки.

Мирјана посветено се занимава со сточарство, а министерот Николовски при денешната средба ја информираше за новите мерки, што од оваа година се ставени на располагање за сточарите.

Една од тие мерки е зголемувањето од 4.000 на 12.000 денари, кај  поддршката за женски грла говеда постари од 12 месеци. Ваквото зголемување има за цел да даде поголем мотив, сигурност и поддршка во работата на сточарите, но и на долг рок, да даде резултати во зголемување на домашниот сточен фонд.

„Креираме конкретни мерки и докажавме дека знаеме што му треба на македонското земјоделство и дека може да биде подобро. Наша цел е да во следниот период достигнеме една милијарда и триста педесет милиони евра вложувања во земјоделството за капитални инвестиции и директна финансиска поддршка до земјоделците“, истакна министерот Николовски.

Си поставуваме за цел буџетот за сточарско производство, двојно да биде зголемен од досегашните 35 милиони евра, на 70 милиони евра годишен буџет. Наша цел е да растат и субвенциите по грло кај кравите постари од 12 месеци, достигнувајќи до поддршка од 20.000 денари по грло, до 2028 година.

Сакаме да обезбедиме поголема независност на самиот сточар, па така во следниот период подготвуваме нова програма за поддршка во мобилни кланици, мобилни молзилишта и мобилни мандри, со поддршка од 15.000 евра по корисник. Како и посебна програма со поддршка, до 10.000 евра, преку која сакаме да го зголемиме производство на млеко, поддржувајќи нови системи за молзење на краварски, овчарски и фарми на кози“, истакна министерот Николовски.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close