fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиВкусот на традицијатаМакедонијаМлад земјоделецТоп вести

Измамените земјоделци од „Путурус Промет“ не зедоа ни субвенции од државата

Ни денар субвенции за измамените земјоделците иако имаат кантарни белешки

Земјоделците од Пелагонија кои беа измамени при откупот на пченицата од страна на  откупувачот „Путурус Промет“ ДООЕЛ Долно Оризари – Битола, не зедоа ни субвенции од државата иако велат дека имаат кантарни белешки.

Станува збор за поголем број (150 до 200) измамени земјоделци и неисплатени стотици илјади евра за откупот на пченицата.

Сега, според нашиот соговорник Тони Настевски (51)  од село Трап, Општина Могила иако се пријавиле за субвенции за предадената пченица и по површина засена земја, и по предаен килограм на откупувач, сепак не зеле ни денар од субвенциите.

-Пченицата ја предадовме, имаме кантарни белешки од откупувачот кој не измами, ни го зеде родот и не го плати, но не зедовме субвенции, ниту 3 денари по килограм предадена пченица, ниту по 6.000 денари од хектар. Се обративме до Државниот земјоделски инспекторат да се најде законско решение и да ни се платат субвенциите. Оти вака два пати сме оштетни, еднаш од измамникот, втор пат од државата, вели Тони Настевски од село Трап во изјава за Зелена берза. 

Тони вели дека засеал со пченица 5 хектори и сега не зел околу 30.000 денари  субвенции по тој основ. Додека за предадени 24 тони пченица кај измамникот „Путурус Промет“, и предвидените 3 денари од килограм, останал покусо за околу 70.000  денари субвенции.

Оштетен е и за сончогледот за користење на семенски материјал.

Тони пресметува и вели дека вкупно е оштетен над 10 илјади евра.

-Истрагата за измамникот се врти во круг и ние оштетните земјоделци се вртиме во круг, на цела мака останавме без пари, вели Тони.

текст Анета Блажевска – Зелена безра

Голема измама – „Путурус Промет“ ни ја откупи пченицата и не ни плати, газдите избегаа, тврди Тони Настевски

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close