
Известување од Ѓорги Каракашев по повод барањето за јавно извинување од Кире Ристески – Сојуз на тутунопроизводители
По доставено писмено барање за извинување и јавно повлекување на коментар споделен на порталот Зелена берза.
ИЗВЕСТУВАЊЕ
По доставено писмено барање за извинување и јавно повлекување на коментар споделен на порталот Зелена берза.
Почитувани,
На ден 11.08.2025 год по добиено писмено известување упатено лично до мене како Ѓорги Каракашев во својство на претседател на Национална земјоделска мрежа, од страна на овластеното лице адвокат Александар Мирковски од Прилеп, а во својство на застапник на правното лице Сојуз на тутунопроизводители, Мака на тутуноберачите и претседателот на истото Кире Ристески, од мене лично како овластен претставник на Национална земјоделска мрежа беше побарано јавно извинување и повлекување за јавно искажаниот став во коментар објавен од страна на претседателот на Сојузот Кире Ристески на порталот Зелена берза на ден 05.08.2025 год.
Со цел за објективно информирање на јавноста го споделувам следниот линк на кој беше постиран ставот и изјавата за претседателот на Сојузот Кире Ристески и коментарот од моја страна како Ѓорги Каракашев.
Линк: https:www.facebook.com/share/1AYWnroFKR Во понатамошниот текст на дописот се укажува дека текстот во коментарот изобилува со невистинити тврдења, кои претставуват клевета и навреда спрема Сојузот на тутунопроизводители и претседателот Кире Ристески, односно дека Сојузот е нелегитимен и дека Сојузот својот легитимитет го црпи преку грубо кршење на Законот за тутун и сродни производи, и трето дека изјавата на претседателот на Сојузот околу измените во новиот предлог Закон за тутун и сродни производи е срамна и понижувачка.
Од страна на овлстеното лице адвокат Александар Марковски од Прилеп, се посочува дека согласно Член 13 Законот за граѓанска одговорност и клевета од мене лично се бара ЈАВНО извинување и повлекување од мојот јавно искажан став и мислење во спротивно ќе се спроведе граѓанска постапка пред надлежен суд.
Почитувани,
Со цел транспарентно и објективно информирање во прилог јавно ги споделувам дел од законските одредби прецизирани во Законот за тутун и сродни производи: Согласно Член 31 од Законот за тутун за стекнување на овластување, највисоката асоцијација на тутунопроизводители од ставот 9 ја овластува Министерот доколку ги исполнува следните услови:
– Да е регистрирана согласно Законот здруженија и асоцијации
– Во својот состав да обединува најмалку две здруженија на тутунопроизводители во кои се вклучени најмалку 30 % од вкупниот број на евидентирани тутунопроизводители во ИСЕТ и доставен список со име и презиме, адреса и ИДБР на производителот на тутун
– Производителот на тутун да е член само на едно здружение
Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство врз основ на поднесеното барање од став 9 на овој член и доставената документација за исполнетост на условите од ставот 10 на овој член во рок од 30 дена донесува решение за овластување.
Согласно Законот за пристап на информации од јавен карактер Службен весник број 101/2019 како Национална земјоделска мрежа ќе се обратиме до ресорното министерство официјално да ни достават листа на членови согласно член 31 од Законот тутун кои се евидентирани при издавањето на решението за овластување.
Почитувани,
Согласно Устав и Законот за слободно изразување на мое лично мислење лично сметам дека никаде во ниеден момент и со ништо го немам навредено личниот интегритет на претседателот на Сојузот Кире Ристески, односно Сојузот на здруженија и притоа немам нанесено никаква морална, ни материјална штета на посочените, преку навреда и клевета како што е наведено во текстот на Барањето за извинување и јавно повлекување.
Како овластен застапник и претседател на Национална земјоделска мрежа, чуствувам морална и лична одговорност пред се према членовите на Национална земјоделска мрежа и во овој момент преку порталот Зелена берза, упатувам јавно извинување до засегнатите доколку некој од нив смета дека му е нанесена лична штета на било кој начин.
Истовремено посочувам дека во ниеден момент не сум се обратил некултурно, тенденциозно, злонамерно, према никој од посочените и мојата единствена цел е да укажам на сомнеж околу неправилности во одредени инситуции согласно позитивните законски прописи. Во оваа прилика јавно истакнуваме дека мојот коментар е отстранет.
За разлика од мене на истиот портал, Кире Ристески со погрдни зборови ме услови мене лично и јавно ме именуваше како „ШАРЛАТАН“ за што имам материјални докази за омаловажување на мојот личен интегритет и во ова прилика јавно барам извинување од Кире Ристески, во спротивно ќе бидам приморан да поведам судска постапка за навреда на мојот углед и чест. Како претседател на Национална земјоделска мрежа како и членовите, согласно Статут и позитивните законски прописи, одлучно и решително ќе се спротиставуваме на сите девијантни појави во опшеството посебно во делот на земјоделието од кое остојуваме ние и нашите семејства. Секој обид за заплашување, притисоци нема да резултираат со плод и цврсто ќе стоиме во одбрана на интерсите на нашите членови и останатите земјоделци.
Со искрена почит Ѓорги Каракашев