Лозарите се закануваат со протести

 

 

Незадоволни од постигнатите цени за откуп на грозје лозарите од тиквешко најавија протести.

Ваква одлука донесоа по синоќешната средба на лозарите. Како што информираше за Зелена берза,  Трајче Кулев претседател на здружението  „Напредни лозари“ одлуката е донесена по објавувањето на откупните цени на винариите .Сметаат дека винариите се некоректни спрема лозарите и дека цените се многу ниски.

„На средбата со надлежните ни беше речено да се стрпиме и дека цените ќе бидат повисоки. Но до тоа не дојде. Цените се лански и со нив земјоделецот не може да опстане“, изјави претседателот на здружението Кулев.

 

„Ние сме во загуба. Винариите  ги нудат истите цени од 11 и 13 денари за килограм “смедеревка” и “кратошија”, а ние бараме  реални 15 со 17 денари за овие најзастапени сорти. Објаснува дека винариите ја зголемуваат цената ако шеќерните единици на грозјето се над 20 малигани. Вели дека тоа не е можно и се чуди на нивната математика“,  додава Кулев

Револтот кај лозарите е многу голем, разочарани се и велат дека грозјето не сака партија туку пласман.

Вечерва на плоштадот во Кавадарци лозарите најавија протест, а доколку не им се излезе во пресрет ќе применат и порадикални мерки, инофрмираат од Здружението „Напредни лозари“.

Павлина Јовановска

Зелена берза

Share Button