fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Заев најави две нови „зелени“ инвестиции

Сончева електрична централа и ветерен парк.

Премиерот Зоран Заев најави две нови стратешки инвестиции – сончева електрична централа и ветерен парк.
-На предлог на Комисијата за стратешки инвестициони проекти, со посебни одлуки Владата ги утврди како стратешки инвестиционите проекти на Друштво за производство на енергија ЕФТ „Солар“ дооел Скопје и на Друштвото за производство, трговија и услуги „Ветерен Парк Вирови“ дооел Скопје.Северна Македонија е лидер во Западен Балкан во однос на зелена трансформација и е првата земја во регионот која што прави енергетска транзиција на термоелектрана во капацитет кој ќе произведува електрична енергија со фотоволтаици.Посветено работиме на праведна енергетска транзиција, зголемување на енергетската ефикасност и заштита на животната средина, напиша Заев на фејсбук.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close