Агро бизнисВестиМеханизацијаТоп вести

Се враќа довербата во ИПАРД – Во декември нов повик за земјоделските стопанства, преработувачите и руралните бизниси

„Ја обновивме довербата во ИПАРД и продолжуваме да ги исполнуваме обврските што ги презедовме пред Европската комисија. Во рамки на спроведувањето на Акцискиот план го зајакнуваме Телото за управување со програмата и поставивме прецизни разграничувања на надлежностите, а во насока на јасно институционално нијансирање на тоа кој е одговорен за носење на секоја одлука и кој ќе ја проверува. Успеавме да ги идентификуваме и надминеме причините кои претставуваат ризик фактор за појава на слабости во процесот на спроведување на ИПАРД, односно ги зацврстивме европските стандарди во системот“, порачува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски.

Во декември нов повик од ИПАРД III за земјоделските стопанства, преработувачите и руралните бизниси
Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој вчера, 23 ноември, ја објави претходната најава за декемврискиот јавен повик 01/2026 од ИПАРД III, кој опфаќа три мерки за кофинансирање на инвестиции во земјоделски стопанства, преработувачки капацитети и рурални бизниси.
Надлежните институции направија проверки и постапија по сите препораки кои беа дадени од страна на Европската комисија. Притоа се пристапи и кон интензивно спроведување Акцискиот план за зајакнување на системите за управување и контрола на ИПАРД структурата, со кој, меѓу другото, се предвидува и дигитално следење на проектите од одобрувањето до исплатата, вклучувајќи ги и контролите на терен, како и рано предупредување при идентификуван ризик од доцнење на исплатите.
„Ја обновивме довербата во ИПАРД и продолжуваме да ги исполнуваме обврските што ги презедовме пред Европската комисија. Во рамки на спроведувањето на Акцискиот план го зајакнуваме Телото за управување со програмата и поставивме прецизни разграничувања на надлежностите, а во насока на јасно институционално нијансирање на тоа кој е одговорен за носење на секоја одлука и кој ќе ја проверува. Успеавме да ги идентификуваме и надминеме причините кои претставуваат ризик фактор за појава на слабости во процесот на спроведување на ИПАРД, односно ги зацврстивме европските стандарди во системот“, порачува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски.
Мерката 1 поддржува вложувања во земјоделските стопанства за попродуктивно и одржливо производство, вклучително и набавка на механизација. Мерката 3 опфаќа инвестиции во преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи, а мерката 7 е наменета за дополнителни дејности на фармите и развој на рурални бизниси. Од мерката 7 на овој повик се изземени производството и продажбата на енергија од обновливи извори.
Рокот за поднесување барања ќе изнесува најмалку 45 дена од објавувањето на повикот во дневните весници. Пред отворањето на повикот, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ќе ги објави ажурираните упатства и потребната документација на својата веб-страница. Бесплатни совети за подготовка на барањата се достапни во регионалните центри на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството.

Поврзани новости

Back to top button