fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Ќе се стави ли крај на каматите што ги пресметуваат извршителите?

Треба да се стави крај на „осиромашувањето“ на граѓаните поради стари, а понекогаш и многу мали долгови.

На предлог на пратеници од владејачкото мнозинство во Собрание е доставен предлог закон за измени на Законот за извршување. Согласно најавите на владејачката СДСМ, со измените најпосле треба да се стави крај на „осиромашувањето“ на граѓаните поради стари, а понекогаш и многу мали долгови. Со потпис на 12 пратеници во Собранието е доставен Предлог на Законот за изменување и дополнување на Законот за извршување по скратена постапка.

– Постојниот начин на извршување поради неможност за исплатата на каматата на долгот определена во извршната исправа остава простор за нарушување на егзистенцијата на голема група на граѓани кои во постапката на извршување се јавуваат како должници – се појаснува во законското решение доставено во Собранието.

Пратениците и сами посочуваат дека состојба е алармантна и неопходна за регулација и состојба за која интервенираат граѓаните и други институции во државата, кои заради природата на проблемот и неговиот опсег е потребно законски да се регулира во делот на висината на износот на неисплатената казнена камата, која не така ретко го надминува и износот од главниот долг.

– Заради законска заштита на граѓаните како странки, учесници во постапката за извршување кои имаат својство на должници и уредување на оваа област се предлага изменувањето на Законот за извршување. Предложеното законско решение се темели на начелото на заштита на странките, учесниците во постапката и нивните семејства и истите се одраз на потребите од решавањето на постојните проблеми со кои се соочуваат граѓаните во постапките на извршување – стои во Законот.

Меѓу другото се појаснува дека со предложената одредба се уредува дека кога во извршната исправа е определена наплата на камата од должникот, таа се пресметува и наплатува до денот на исплатата на средствата на посебната сметка на извршителот, односно до моментот кога неисплатената казнена камата ќе го достигне износот од главниот долг.

Во меѓувреме од СДСМ веќе се огласија на темата, и посочуваат дека со овие законски измени, каматата нема да може да биде поголема од долгот.

– Со измени на Законот за облигациони односи и Законот за извршување, казнената камата престанува да тече кога ќе го достигне износот на главнината. За долг од 1.000 денари, максималниот износ на каматата ќе биде 1.000 денари. Со ова, конечно завршува праксата граѓаните да плаќаат и до 10 пати поголем износ од она што навистина должеле. Законските измени предивдуваат и скртување на рокот за застареност од 10 на 5 години од правосилноста на одлуката. Со ова граѓаните дополнително се заштитуваат од извршени решенија, зголемени со енормни износи за камати – посочуваат од партијата.

Заштитниците на правата на граѓаните бараат законсите измени да важат и ретроактивно бидејќи велат дека нема да имаат ефект законските измени.

– Деталите се уште не сум ги видел, но би истакнал дека ако измените не важат ретроактивно, тогаш џабе се носат. Низ судовите има стотици илјадници отпочнати постапки за кои веќе има процедура. Но, има и такви кои тековно исплаќаат разни отпочнати постапки. Ако сакаме да е од полза за граѓаните законот мора да важи ретроактивно. Во спротивно, нови ситуации нема толку многу, нема многу нови случаи со заостанати долгови. Ако важи ретроактивно оние што исплаќат огромни суми за камати, ќе може да запре таа отплата и да се спасат граѓаните – вели претседателот на Конфедерацијата на Синдикални организации на Македонија, Марјан Ристески.https://faktor.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close