fbpx
ВестиТоп вести

Успешен старт на реализација на измените на мерката 1.2.1 со кои се овозможи набавка на рекордно голем број на високостелни педигрирани јуници

Денеска, во село Логоварди, Општина Битола, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасовски,  го посетија објектот каде во карантински услови се чуваат 159 јуници, набавени преку мерката 1.2.1 од Програмата за рурален развој.

„Проактивниот пристап во креирање на мерките заедно со сточарите дава резултати. Оваа година направивме промени при аплицирањето за мерката 1.2.1 за приплоден добиток, од Програмата за рурален развој, а тоа е набавка на високостелни педигрирани јуници. Преку мерката, околу 1600 јуници, ќе бидат увезени од Греманија, Унгарија, Чешка и други, во зависност од тоа, од каде си избрале самите земјоделци. Буџетот е за повеќепати зголемен, оваа година ќе се потрошат близу 2,5 милиони евра.  Не застануваме тука, следните чекори ќе бидат, како да се оддржи овој генетски потенцијал“ – изјави министерот Димковски.

Со измените на мерката 1.2.1 резултатите се веќе видливи.

„ Годинава со измените на програмата кои беа во интерес на фармерите, Агенцијата и сточарите потпишаа вкупно 68 договори во вредност од 135,5 милиони денари при што ќе се увезат 1460 елитни грла, како и 1133 грла овци. Овозможуваме формирање на матични стада со висок генетски потенцијал“ – изјави директорот Бабовски .

Во карантинот во Логоварди се сместени 159 јуници, што претставува само дел од планираната набавка за која се очекува во целост да се реализира до крајот на јануари 2020 година.

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов посочи дека карантинот е мерка која се спроведува на светско ниво по сите меѓународни стандарди во интерес на здравјето како на животните така и на луѓето.

Политиките за развој на земјоделството кои МЗШВ успешно ги реализира ќе допринесат нашите сточари да ги зголемуваат матичите стада, со добиток со висок генетски потенцијал, а тоа ќе допринесе за зголемување на количината на сурово млеко.

Драган Илиевски, директор на суровина во Бимилк изјави дека за многу брзо време ги очекуваат придобивките од овој проект.

Крајната цел е прогрес на сточарството, млечната индустрија и економијата на Република Северна Македонија во целост.

Слични написи

Back to top button
Close