ЈАВЕН ПОВИК за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2024 година
АПЛИЦИРАЈ за набавка на специјални комбајни за жнеење на ориз со сецкалици и/или мобилни сушари за ориз
Врз основа на член 7, алинеја 9 од Законот за основање на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој („Службен весник“ на Република Македонија број 72/07, 5/09, 43/14, 193/15, 39/16, 164/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 190/19), Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руалниот развој го објавува следниот
за доставување на барања за користење на средства од Програмата за
финансиска поддршка на руралниот развој за 2024 година
I. ПРЕДМЕТ НА ОГЛАСОТ
Предмет на овој оглас е доделување на финансиска поддршка за следните мерки:
Субјекти
|
Код на мерка
|
Земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно Закон за земјоделство и рурален развој |
Мерка 121
|
Средствата се наменети за инвестиции за набавка на специјални комбајни за жнеење на ориз со сецкалици и/или мобилни сушари за ориз, предвидени со Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2024 година.
Максималната вредност на прифатливи трошоци по корисник за Мерка 121.7 изнесува 600.000 денари. Средствата се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќаат на годишно ниво.
Напомена: Јавниот повик се однесува само за инвестиции во набавка на специјални комбајни за жнеење на ориз со сецкалици и/или мобилни сушари за ориз, додека набавка на приклучна земјоделска механизација не е прифатлив трошок во овој јавен повик!
IV. УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВА И ДОКУМЕНТАЦИЈА КОЈА СЕ ПОДНЕСУВА
Барањата се поднесуваат електронски по извршена регистрација на e-baranje.ipardpa.gov.mk
Еден барател може да поднесе само едно барање за една мерка или најмногу две барања по различни мерки земајќи ги предвид и останатите мерки од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2024 година.
Условите кои треба да ги исполнуваат барателите на средства се утврдени со:
– Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2024 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 13/2024, 34/2024 и 198/2024)
– Закон за земјоделство и рурален развој („Службен весник на Р.Македонија“ бр.49/10, 53/11, 126/12, 15/13, 69/13, 106/13, 177/14, 25/15, 73/15, 88/15, 154/15, 11/16, 53/16, 120/16, 163/16, 74/17, 83/18 и 27/19, и „Службен весник на Р.Северна Македонија“ бр. 152/2019, 244/2019, 275/2019, 110/2021, 123/2022 и 65/2023)
– Правилникот за поблиски критериуми за избор на корисници по мерките за рурален развој („Службен весник на Република Македонија“ бр. 124/2011, 80/2013, 35/2016, 101/2017 и 162/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 100/2019, 215/2019, 24/2020, 96/2021, 276/2021, 92/2021, 113/2022, 186/2022, 73/2023 и 94/2023)
– Правилникот за поблиските дополнителни услови за поддршката од мерките за рурален развој, прифатливите трошоци и висината на поддршката за прифатливите трошоци по корисник за поединечна мерка. („Службен весник на Република Македонија“ бр. 124/2011, 80/2013, 72/2014, 88/2015, 35/2016, 59/2016, 178/2018 и„Службен весник на Република Северна Македонија“ 77/2019, 214/2019, 276/2021, 91/2022, 122/2022, 186/2022, 73/2023, 250/2023 и 34/2024)
Барателите на финансиска поддршка потребно е да креираат електронско барање за финансиска поддршка со податоци за локација на инвестицијата, податоци за инвестицијата и електронски да ги прикачат потребните документите предвидени за мерка 121, подмерка 121.7.
Критериуми кои треба да ги исполнуваат барателите се следни:
– Минимум производствен капацитет од над 1 ха површина под ориз.
Големината на производните капацитети се утврдува согласно запишаните производни капацитети во Единствениот регистар на земјоделски стопанства при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Барателите кои ги исполниле условите за користење на средства за мерките 121 се рангираат со бодување утврдено во Правилникот за поблиски критериуми за избор на корисници по мерките за рурален развој („Службен весник на Република Македонија“ бр. 124/2011, 80/2013, 35/2016, 101/2017 и 162/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 100/2019, 215/2019, 24/2020, 96/2021, 276/2021, 92/2021, 113/2022, 186/2022, 73/2023 и 94/2023)
– Барањата со ист број на бодови ќе се рангираат според датумот и времето на поднесување на електронското барањето на e-baranje.ipardpa.gov.mk
– Барателите не смеат да започнат со реализација на инвестицијата пред потпишување на Договор за ко-финансирање со Агенцијата.
– Барањата кои не се поднесени електронски на e-baranje.ipardpa.gov.mkнема да се разгледуваат.
Упатството за регистрација на барателите во системот за електронско поднесување на барање може да се превземе на почетната страна e-baranje.ipardpa.gov.mk. Упатството за корисници за поединечна мерка може да се превземе по започнување на креирање на барање за мерката. Упатството за корисниците може да се подигне на веб страната на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk, или може да се подигнат и директно во Агенцијата секој работен ден од 08:30 до 16:30 часот на адреса:
Електронски пополнетите барања за финансиска поддршка потребно е да се превземе, испринта и потпише и заедно со целокупната пропратна документација да се достави до Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во затворен коверт на кој на предната страна во горниот лев агол стои Барање за финансиска поддршка и Архивски број на Барањето (0524-12116-ХХХХ/1). Барањето може да се достави по препорачана пошта или лично во писарницата на Агенцијата, во спротивно Агенцијата не превзема одговорност за ненавремено и некомплетно пристигнување во писарницата или предвремено отворање на барањето.
Подетални информации на контакт тел. (02) 3097-460 или на контакт е-маил адреса: ipardpa.info@ipardpa.gov.mk и