Џон Дир е светска машина
Сонував да имам свој трактор Џон Дир, сега сонот ми стана реалност, вели фармерот Деловски.
Драган Деловски – фармер од селото Гермијан е сопственик на трактор Џон Дир 5045 Д со кабина. Како искусен тракторист кој повеќе од 20 години работел со тракторите Џон Дир во Земјоделскиот комбинат „Пелагонија“ – Битола со задоволство раскажува дека му се исполнила најголема желба како земјоделец да има свој трактор од светски познатиот бренд.
-Џон Дир е светска машина, сонував да имам свој трактор и еве изминува една година откако го набавив преку „Синпекс“ ДОО Битола и сум презадоволен. Сонот ми стана реалност. Јас бев вработен во ЗК „Пелагонија“ две децении, работев како тракторист и управував трактор Џон Дир, многу добро ја познавам оваа машина и се уверив дека нема подобар трактор, нема конкуренција. Има силен мотор, влечи силно, не се слуша бучава како со другите трактори, не троши, имам сервис достапен, се што ми треба. Досега не сум имал проблем со оваа машина. Трошоците за гориво не се високи, околу 3 до 3,5 литри нафта од декар, што значи и економична машина во споредба со тракторите кои послабо ораат, а трошат иста количина на гориво за иста површина, вели Деловски, кој како сопственик на фарма со 20 крави и десеттина телиња обработува 13 хектари земја насадена со пченка, пченица, јачмен и луцерка.
Деловски се одлучи за трактор со кабина, бидејќи за него нема дилема дека трактористот треба да биде заштитен во секој момент од работата.
-Кабината е голема предност, знаеш дека си заштитен во секој момент од сите временски прилики и неприлики. Внатре имам и парно греење, тоа е современа кабина, а не како на старите трактори од други фирми. И на пазар да одиш си заштитен, затоа на останатите земјоделци, мои познаници им препорачувам да купат трактор Џон Дир со кабина, па да видат што е светска машина. Значи само Џон Дир, а овој трактор може да си го дозволи секој земјоделец, секој што сака да добие квалитет, тука е „Синпекс“ Битола, компанија која нуди поволности при купување, а вработените ќе ве советуваат што е најдобро за вас, порачува Деловски.