fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Јосифовски од „Тутунска надеж“ со пресметки за откупната цена на тутунот

Производството на ситнолисни тутуни во светот е во постојан пад и логично е цените да одат драстично нагоре.

Васко Јосифовски од здружението Тутунска надеж со пресметки за откупната цена на тутунот.

-Да видиме што велат бројките и кого тоа застапуваат и штитат другарите од Сојузот на земјоделски здруженија. 300 + 20 % = 360 .ден. 240 +20 % = 288 .ден. 180 + 20% =216, ден. 100 + 20% = 120ден. Ако се знае дека според правилникот за квантитативна и квалитативна процена застапеноста на тутунот по класи е 1 -15% 2- 62% 3- 20% 2/1-3%.

И ако се знае дека во минатата реколта производна цена на 1 килограм тутун била 240 денари што по автоматизам значи дека оваа не е под 300, без да ги земеме во предвид инфлаторните движења и фактот што за опстанок на четиричлено смејство , само за основни трошоци се потребни најмалку 1000 евра , јасно е дека мора да се ревидираат договорените цени. Со 20%покачување ако се цени според правилник еве што не чека (1)15%×360=54.000 (2)62%×288=178.560 (3)216×210=43.200 (2/1)30×120=360..

Ова значи дека за еден тон тутун тутунарот ќе добие 276.120 денари или просечната цена би била 276,12 денари по килограм. 276,12 е за 13,88 денари помалку од 290.

Ова значи дека Сојузот не бара покачување во однос на ланската постигната цена туку бара НАМАЛУВАЊЕ.

Производството на ситнолисни тутуни во светот е во постојан пад и логично е цените да одат драстично нагоре. Од заеднички интерес е формирање на реална цена на тутунот. Факт е дека тутунот им е прекупотребен и факт е дека можат да си дозволат да го платат дури и повеќе од она што ние како здружение го бараме .АКО МОЖЕЛ НЕКОЈ ДА ЗЕМА МЕСЕЧНА ПЛАТА ВРЕДНА 45 ТОНА ТУТУН , ТОГАШ МЕСТО ЗА ПОКАЧУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ ИМА И ТОА МНОГУ.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close