fbpx
Вести

Јованов: Производителите на ориз се доведени до питачки стап

oriz

Производителот на ориз,  Сане Јованов од селото Чешиново вели дека белото злато го снемува од полињата.

Само во општината каде тој живее, површините засеани со ориз објаснува дека се намалени за 1000 декари, а проценките за општина Кочани се дека намалувањето е уште поголемо. Јованов има 59 години и од дете се занимава со производство на ориз. Објаснува дека земјоделците од неговиот регион се во многу лоша состојба и се доведени буквално на питачки стап.

„Цената нè уништи, времето исто нè уништи, нема доволно вода, нема дождови, а има се поголеми суши. Целото население во Чешиново – Облешево се занимава со ориз,  евентуално двајца- тројца  ако работат, но со плата од 200 евра не може да гради куќа, да школува деца, тоа е малку. Порано времињата беа подобри, имаше оризот цена. Јас со 3 хектари  порано направив куќа, а сега со 10 хектари само трошоците си ги покривам и од сите страни имам извршители. Цената е 30 денари за килограм бел ориз, а  за арпа од 13 до 15 денари и тоа е многу малку. По пазарите во сите градови, Битола, Скопје, секаде оризот држи цена“ – вели Јованов.

Тој бара надлежните да преземат мерки за да им помогнат, затоа што од оризот зависи нивната егзистенција.

Според  Јованов, субвенциите треба да бидат поголеми и да се исплаќаат редовно.

„Исто и препаратите се многу скапи. Ние одиме во Грција, Италија, Турција, но таму препаратите за прскање се квалитетни“ – додава Јованов.

Површините со ориз се видно намалени и во околината на Виница. Од планираните 180 хектари под ориз во виничко, површините ке бидат намалени за 100 хектари на сметка на оризот, додека  пченката се очекува пролетва да биде насеана на површина од 370 хектари.


 

фактор.мк

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close