fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Георгиевски: Исплатени се 5,5 милиони евра субвенции за обележани грла говеда на околу 9.700 одгледувачи

Следуваат исплатите за овци, кози и гоеници. До крајот на годината реализирани ќе бидат сите исплати кон земјоделците, без исклучоци, вели Георгиевски.

Изминативе денови, исплатени се 5,5 милиони евра субвенции за обележани грла говеда на околу 9.700 одгледувачи, објави на прес-конференција, Гоце Георгиевски, од Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ.

Нагласи дека извршена е исплата и на финансиската поддршка за презимени пчелни семејства во износ од 210 милиони денари до околу 5.900 пчелари.

Како што беше најавено, Владата предводена од СДСМ продолжува со неселктивна исплата на субвенциите кон земјоделците.Изминативе денови, исплатени се 5,5 милиони евра субвенции за обележани грла говеда на околу 9.700 одгледувачи, вели Гоце Георгиевски од Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ.

-Исто така, извршена е исплата и на финасиската поддршка за презимени пчелни семејства во износ од 210 милиони денари до околу 5900 пчелари.Со донесениот ребаланс на буџетот за 2022 година обезбедени се 2,7 милијарди денари, средства со кои оваа година комплетно ги расчистуваме заостанатите обврски кон земјоделците, а започнуваме и со аванска исплата на земјоделците.Социјалдемократскиот сојуз на Македонија има план. Имаме план и знаеме што треба да се направи за да ја поминеме кризата колку што е можно подобро и поефикасно.Воспоставивме динамика за исплата на субвенциите во која никој нема да биде запоставен. Следуваат исплатите за овци, кози и гоеници. До крајот на годината реализирани ќе бидат сите исплати кон земјоделците, без исклучоци, вели Георгиевски.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close