К-15 за административците, доколку не добијат можат да ја тужат државата
Над 9.000 денари ќе изнесува К-15 годинава за вработените во јавната администрација.
Со ребаланс на Буџетот јавната администрација годинава ќе го добие регресот за годишен одмор или таканаречениот К-15 и за таа намена се алоцирани дополнителни 230 милиони денари.
„Имаа разбирање за одлагање на ова мерка во 2020 бидејќи кога требаше да почне исплатата почна третиот бран на коронавирусот и беше несоодветно регресот да се исплати во време кога приватниот сектор оди со рационализација. Оваа година одлучивме да се исплати и треба да се исплати, сме го ветиле и не само што сме го ветиле потпишан е договор. Затоа се алоцирани дополнителни 230 милиони денари за оваа намена“, рече премиерот Зоран Заев.
Од граѓанскиот синдикат УПОЗ информираат дека тоа е минималната сума која им следува на вработените со граѓанскиот колективен договор, а оние кои имаат и колективен договор на ниво на работодавец, според предвиденото во него, ќе добијат и повеќе.
Доколку не добијат К-15, можат да ја тужат државата
„Согласно колективниот договор, Владата врз основа на тоа мора да исплати регрес за административците“, вели заменик-министерот за финансии, Димитар Ковачевски за емисијата „Клик плус“. Според него, бројката на административци кои ќе добијат К-15 изнесува околу 27.000 лица.
„Доколку не ги добијат, тие имаат право на тужба пред надлежен суд и државата може да сноси само последици и да изгуби и да плати трошоци“, додава Ковачевски. Потребата од К-15 е стекнато право