fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Кај и да си, за Бадник и Божиќ дома да си!

Јадењата за празниците имаат своја симболика: Богата бадникова и божикна трпеза – вековна семејна традиција

Поскромно или побогато, за Бадник и за Божиќ трпезата мора да биде полна. На секоја бадникова трпеза се неизбежни посно гравче, посна сарма, пита со праз или со зелка, суво овошје, риба, ореви, костени, јаболка, портокали, мандарини… За Божиќ, пак, секако, на трпезата треба да има и свинско, вино и нешто благо. Како и да е, и во овие, за повеќето граѓани, финансиски тешки времиња, се следи традицијата, која се пренесува од колено на колено. Во Македонија, традиционално се собира семејството на вечера на Бадник. Се подготвува богата трпеза, исклучиво со посна храна, со што симболично треба да се обезбеди богат род на земјоделските култури во следната година.

Интересно е што со традицијата, народот ги пренесува и верувањата, па така, за да имате среќна година, потребно е јадењата на маса да се во непарен број – 7, 9, 11. Колку што е масата поразновидна толку побогата ќе биде новата година.

Според традицијата, на масата треба да има одреден вид храна, која ќе ви донесе среќа, здравје и плодност, но изборот, секако, е ваш.https://www.vecer

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close