вести

Протестот на овчарите ставен во мирување

Во мирување е ставен протестот на овчарите, откако од министерстовто им посочија дека ќе ги рагледаат нивните барања. Тие утринава се собраа пред Министерството, но кратко откако почна протестот беа примени на состанок.

Министерот им порачал дека ќе се види кое од барањата може најбрзо да се реализира за да се овозможи ретанбилно производство.

– Овчарството е наша стратешка гранка и ние како ресорно министерство ќе преземеме се што е пот ребно да го стопираме падот на бројот на овци и да ја развиеме оваа сточарска гранка. Предлозите ќе бидат анализирани и ќе видиме кое од предложените барања може најбрзо да се реализира. Веќе работиме на нови мерки за оваа гранка, им порачал Николовски на сточарите.

За следната година предвидено е да се зголемат парите за мерката „Набавка на приплоден добиток“ од 14 на 60 милиони денари. Субвенциите за предадено овчо млеко ќе се зголемат од 4 на 4,5 денари од литар. Предвидено е и зголемување на субвенциите за 10 отсто за сточарите со развоен потенцијал.

Одгледувачите на овци се жалат дека е намален бројот на овци. Ако во минатото имало 2 милиони, сега податоците покажуваат дека има околу 700 илјади. Еден од главните проблеми е што оваа гранка не е атрактивна за младите, па ретко се наоѓаат луѓе за работа.


 

sitel

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close