fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Кај нас медот повеќе се користи како лек, отколку како храна

Неминовно е да го смениме односот и да го прифатиме медот како значаен животен продукт во исхраната.

Центар. Посетителите од денеска до 30 септември, на штандовите поставени долж улицата „Македонија“ ќе можат да купат природен мед, матичен млеч, полен, прополис, комбинации на природен мед со лековити билки, природна козметика но и други пчелни производи. Манифестацијата по 18 пат ја организира пчеларското здружение „Матица“ од Скопје, со поддршка од Општина Центар.

– Неминовно е да го смениме односот и да го прифатиме медот како значаен животен продукт во исхраната. Статистичките податоци укажуваат дека ние трошиме помалку од еден килограм мед годишно по глава на жител, додека во многу земји во светот е десет пати повеќе. Исто така, се повеќе е присутен мед кој се меша со разни сирупи за да се добие брз профит, при што се уништуваат неговите природни својства. Токму затоа, потребна е соодветна едукација на купувачите, беше посочено на свеченото отворање на „Денови на македонскиот мед 2022“.

Цената на тегла мед чини 600 денари. Продавачите велат дека се обидуваат да ги задржат цените на медот, за да може секој купувач да си го дозволи.

Манифестацијата „Денови на македонскиот мед“ покрај изложбениот, продажниот има и хуманитарен карактер. Тоа организаторите го истакнуваат преку разни донации за децата со посебни потреби.

На отворањето на манифестацијата се приклучија децата од градинките на Општина Центар, а беа поставени и слики на уметникот Живко Поповски Цветин, кои претставуваат спој на пчелите со цветовите.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски на денешното отворање на манифестацијата порача оти посакува уште многу настани кои ќе ги промовираат македонските производи.

-Горди сме што оваа година достигнавме рекорд на поддршка на бројни манифестации кои се одржуваат и тука во Скопје и ширум целата држава, а кои ја промовираат органската храна, биохрана, еколошката македонска храна, медот, остаантите наши убави производи – 47 рекордни манифестации се одржуваат оваа година. Рекордите ги поставуваме и во меѓународното промовирање на нашите производи, затоа голем број на здруженијата, како здружение „Матица“ и многу други економско-социјални партнери на Министерството даваат поддршка, односно учествуваат и ги промовираат овие производи, рече Николовски.

Тој за во понеделник ги повика пчеларите на подсекторска група, за како што рече, да ги дефинираат новите правила, новите модели, промените во субвенционирањето, но и за тоа како да го подобрат целокупниот сектор и како да имаат подобра финансиска поддршка до вистинските пчелари, до вистинските производители.

-Во 2018 година како држава дадовме поддршка на Република Словенија да се прогласи Меѓународен ден на пчелата. Меѓународниот ден на пчелата беше прогласен на 19. Мај, на ниво на Обединети Нации, и токму тоа говори за важноста и значењето на оваа сточарска гранка, но и за поддршката која ја има од институциите.

Претседателот на пчеларското здружение „Матица“, Венче Билболовски денеска по повод отворање на манифестацијата, посочи дека истата е од особена важност за едукација на посетителите, како да го препознаат вистинскиот мед од како што рече, „наплив“ на се поголем број фалсификати.

-За жал кај нас медот повеќе се користи како лек, отколку како храна. Живееме во време кога напнатоста и стресот се општо прифатени како начин на живот. За жал денес постојат голем број вируси, алергии, болести кои пред стотина години не постоеле. Дел од нив се поради неправилната и вештачка исхрана. Единствениот начин на кој луѓето можат да живеат во склад со приридата е да ја почитуваат, да не ја загадуваат, да ги заштитат животните и инсектите, растенијата, зашто само таква природа може да ни обезбеди здрав живот со сите благодети, рече Билболовски.https://nezavisen.mk/kaj-nas-medot-povekje-se-koristi-kako-lek-otkolku-kako-hrana/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close