fbpx
Вести

Како да ги спречите последиците од прерано движење на вегетацијата кај овошните дрвја?

Почетокот и должината на цветањето се условени од температурните услови во периодот на мирување, а посебно во периодот на премин од фазата на мирувње во почеток на движење на вегетацијата.

Топлото време во текот на зимата може да предизвика почеток на вегетацијата, пред вообичаениот период за нашето климатско подрачје. Како што објаснува, дипломираниот инжинер за земјоделство, Снежана Драгичевиќ Филиповиќ, овошјето тогаш се наоѓа во состојба на мирување, но доколку температурата на земјиштето неколку дена биде околу 5°C , тогаш може да се создадат услови за движење на вегетацијата, а цветањето почнува кога просечните дневни температури на воздухот ќе достигнат вредност помеѓу 9°C и 12°C. Одделни овошни врсти почнуваат да цветаат при пониски дневни температури, додека некои бараат повисоки температури, на пример дуњата 16°C. На ова треба да се додаде и дека повисоките дневни температури го забрзуваат цветањето.

Почетокот и должината на цветањето е условено од температурните услови во периодот на мирување

Разликите во почетокот на цветање во исти климатски подрачја, можат да бидат значителни, така што помеѓу одделни години може да изнесуваат и до месец дена.

Најизразено влијание на движењето на вегетацијата во некои подрачја имаат климата и специфичните микроклиматски услови во реонот на одгледување. На самиот почеток на цветањето, големо влијание имаат: надморската височина, географската ширина и експозицијата на теренот. Почетокот и должината на цветањето, условени се од температурните услови во периодот на мирување, а посебно во периодотна премин од фазата на мирување во почеток на движење на вегетацијата.

Кога процесот на бубрење на пупките ќе почне, тој веќе не може да биде запрен

Промената во растот и развојот на генеративните органи, почнува со бубрење на генеративните пупки, т.е со почетокот на движење на вегетацијата. Почетокот на бубрење на пупките се остварува после завршувањето на периодот на мирување на овошните дрвја и условен е од температурните услови. При ниски температури, почетокот на бубрење на пупките се одвива побавно, додека повисоките температури го забрзуваат. За самиот процес на почеток на бубрењето на пупките потребни се од 24 до 48 часа. Кога процесот на бубрење ќе почне, тој повеќе не може да биде запрен, но неговата динамика може да се менува во зависност од еколошките услови.

Во тој период настанува движење на соковите од коренот и старите делови на стеблото кон младите. Тогаш почнува таканаречениот процес на разделување на стеблото итојнастанува поради покачените дневни температури. Во годините, кога се изразени поголеми температурни колебања, доаѓа до оштетување на стеблото при загревање во вид на пукање на кората на стеблото и оштетување на цветните пупки во вид на измрзнување.

Со варосување, ублажете ги последиците од температурните колебања

Добра мерка, која може да помогне, последиците од температурните колебања во текот на овој период да се ублажат е варосувањето на овошните стебла. Тоа задолжително се прави во есен, но може да се примени во два до три наврати во текот на есента и зимата.

Рецептот по кој се подготвува варовникот е: 5 кг негасена вар, 0,5 кг готварска сол и 0,25 кг сулфур. На сето тоа треба да се додаде вода и смесата да се остави да отстои два дена за да се зголеми лепливоста.

Белата боја ги одбива сончевите зраци и го отежнува наглото загревање на стеблата. Така се забавува движењето на соковите и почетокот на вегетацијата може да се одложи за неколку денови. Оваа мерка, најмногу ефект дава кај коскеното овошје, пред се: кајсиите, праските, сливите и вишните, кај кои температурните колебања можат да предизвикаат движење на вегетацијата.

Се препорачува одложување на резидбата

Препорака на експертите е резидбата на овошните дрвја, оваа година, да се помести за некој подоцнежен период, затоа што со зимската резидба ја поттикнуваме активноста на овошните дрвја и тие тогаш стануваат осетливи на ниски зимски температури, кои можат да следуваат после вака долго и убаво време. Со оглед на тоа дека и есента беше долга и многу убава со доста високи температури, за тој период од годината, диференцирањето на цветните пупки траеше долго и во такви услови, овошните насади, посебно се осетливи на наглиот пад и раст на температурите во следниот период.

 

Зелена берза

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close