fbpx
Вкусот на традицијата

Како да му помогнете на зеленчукот?

 

Честите врнежи, високата влажност и температурите над 20 степени во втората половина на мај и во јуни, предизвикаа многу заболувања на зеленчукот. Токму поради тоа, потребна е честа заштита на зеленчукот, така што потрошувачите со причина се прашуваат колку зеленчукот на пазарите е здравствено безбеден.

Високата релативна влажност, последователните секојдневни врнежи во текот на првите три седмици во јуни, дејствуваа во прилог на развојот на повеќе болести на зеленчукот, како: пегавост, пламеница и гниење на зеленчукот.

Претседателот на Здружението на одгледувачи на зеленчук од Војводина, Жарко Илин, потсетува дека, зеленчукот сака топла клима и дека за неговиот развој потребна е температура од 25 до 30 °C. Тој вели дека, токму сега има многу проблеми со заштитата од болести и плевели. Илин вели, дека најмогу проблеми има во производството на доматите на отворено поле и кај лубеницата, кои почнале да го исфрлаат цветот и плодот. Тој додава, дека кога земјиштето ќе се исуши треба да се пристапи кон култивирање, со цел подобра аерација на земјиштето и сузбивање на пламеницата и компировата златица.

Кога дождовите ќе престанат, потребно е да се отстранат сите болни делови, затоа што тие претставуваат резервоари за ширење на болести, советува Бранка Лазиќ. Предупредува дека, доколку се користат пестициди, може да се употребуваат бакарни и сулфурни препарати кои се употребуваат повеќе од еден век. Нив ги карактеризира кратка каренца од само неколку денови. Вели дека, зеленчукот добро може да се заштити и со силна концентрација од чаеви од коприва, валеријана, пелин и камилица. Според нејзиното мислење, растенијата треба да се хранат во текот на целата сезона, зеленчукот да се одржува во добра кондиција, така што ќе биде отпорен на предизвикувачи на болести и штетници. Во овој период, им треба повеќе фосфор и калиум. Секако, третирањето со претходно споменатите природни препарати, бара често повторување. Реално, во масовното зеленчуково производство, ретко кој одгледувач на зеленчук, на неколку дена ќе влегува во градината и ќе ја штити со биопрепарати.

Според ова, имајќи го предвид споменатото, само по себе, се наметнува прашањето: Колку можеме да бидеме сигурни во безбедноста на зеленчукот на пазарите? Бранка Лазиќ, вели дека се плаши од свеста на производителите. Таа додава, дека доколку некој има знаење нема непотребно да го прска зеленчукот. Нејзината констатација е дека нема да има доверба во конвенционалното производство, се додека не биде спроведен целосен мониторинг.

После се, што ни преостанува? Ако сакаме целосно да бидеме сигурни, можеме сами да произведуваме зеленчук, или пак, истиот да го купуваме од градинар кого го познаваме.

Жителите на Нови Сад, квалитетниот и безбеден зеленчук, можат да го купуваат еднаш седмично – во четврток, на платото на Спенс, на пазарот „Мојата салата“. Благодарение на тој пазар, Нови Сад стана најголемото дистрибутивно место на сертифицирани органски производи. Граѓаните – купувачи на тој пазар, можат да бидат сигурни, дека добиваат здрава и вкусна храна, за чиј квалитет гарантираат одговорни производители и контролирани и сертифицирани куќи. Контролата на органската храна „од нива до трпеза“ и системот за сертификација претставуваат гаранција за потрошувачите, дека таа храна е сигурна и безбедна за исхрана. Влијанието на органското земјоделско производство, има посебно важна улога во зачувувањето на животната средина. Притоа, во органското земјоделство, до израз доаѓа односот на чесниот пристап кон работата, благонаклонетоста и разбирањето на природните законитости. Производителите на органски одгледувана храна, кои можете да ги сретнете на пазарот „Мојата салата“, по правило се и донатори на храна, како и учесници во многу хуманитарни акции.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close