fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Како да посадите кинеска зелка

Садење: просторот измеѓу нив треба да биде од 0.5 m до 0.6m, во зависност од типот. За Бони-Мега типот на кинеска зелка потребно е најмалку 0.9m растојание.

Овој хибрид на кинеска зелка прераснува во голема глава со раскошни зелени, подебели и бисерно бели листови и благ вкус. Наречена е Напа зелка и најчесто се користи за суровина во салати, а може да се искористи и за варење. Одлична е за садење, меѓутоа најдобро е во пролет или почеток од летото бидејќи побавно врзува лист. Најдобро расте на сонце и потопла клима.

Светлина: Полно сонце

Садење: просторот измеѓу нив треба да биде од 0.5 m до 0.6m, во зависност од типот. За Бони-Мега типот на кинеска зелка потребно е најмалку 0.9m растојание.

Почва: Добро иситнета , богата со хранливи состојки и органски материи. Околу 7 cm органска материја во почвата би било оптимално за садење на зелката.

Вода: Почвата треба да биде постојано влажна во текот на сезоната на растење. За одржување на константна влага се става прекривка.

Зимски услови: Зелката толерира студ до -2 степени. Ако температурата е под ова ниво подобро зачувајте ја во фрижидер со погодена температура, во спротивно главата на зелката мрзне.

Болести на зелката: Внимавајте на црви кои ги напаѓаат листовите и коренот, полжавите, бубачки. Почести болести наречени црна нога, црн корен (гниење).

Се бери целата глава кога се цврсти на допир.

Начин на чување: Во фрижидер со промиена и одвоена глава од коренот , во пластична кеса најмногу две недели.

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close