Какви беа цените во земјоделството во декември?

(Oвој напис е објавен на: March 4, 2017)

kakvi bea cenite vo zemjodelstvoto vo dekemvri

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во декември  2016 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот e зголемен за 1.7%, а кај аутпутот е  намален за 2.0%.

Во декември 2016 година, во споредба со декември 2015 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 101.8 а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 99.7.

Во делот аутпут, во декември 2016 година, во споредба со декември 2015 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 98.8, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 95.8.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во ноември 2016 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот e намален за 0.8%, а кај аутпутот е намален за 6.5%.

Во ноември лани во споредба со ноември 2015 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 99.1, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 99.7.

Share Button