Бидејќи лукот расте под земја, не е лесно да се процени кога главицата е целосно зрела за вадење. Сепак, одговорот лежи во изгледот на лисјата, односно големината на исушените и зелените лисја на стеблото на лукот.
Посадените чешниња лук во есен, растат рамномерно во текот на зимата и раната пролет и во месец мај се подготвени за берба.
За разлика од повеќето култури што се садат во пролет и се берат во есен, лукот обично се засадува во есен и се бери од доцна пролет до средината на летото. Тоа е растение со долга вегетација, кое трае осум до девет месеци.
Лукот е едно од земјоделските култури во кои е клучно да се одреди вистинското време за берба, со оглед дека периодот на бербата се движи од мај до август, во зависност од датумот на садење, временските услови и разновидноста на засадениот лук.
Предвремена, како и премногу доцна берба, може негативно да влијае на приносите, а кога главицата се развива под земја, се поставува прашањето како да се одреди тоа вистинско време за берба.
Краткиот одговор е дека суштината е во изгледот на лисјата.
Како да се одреди кога лукот е зрел за собирање?
За разлика од својот роднина, во семејството лукарици кромидот, лукот созрева додека неговите лисја се делумно зелени.
Листовите од кромид почнуваат да губат боја и да венеат кога растението престанува да расте. Листовите на врвот почнуваат да се сушат и полегнуваат, што недвосмислено ви овозможува да знаете дека е време за берба на кромидот. Исто така, повеќето главици од кромид излегуваат од земја на крајот на вегетацијата, со што дополнително се олеснува проценката дали растението е целосно зрело.
Од друга страна, лукот испраќа поинакви сигнали дека е зрел за берење.
За почетниците, обрнете внимание колку лисја остануваат на стеблото. Секој лист над земјата означува еден заштитен слој на главицата што расте под земјата. Лук со стебло со десет зелени лисја, на пример, има десет слоја на главицата. Иако бројот на лисјата на лукот варира, индикаторот дека е време да се соберат е моментот кога половина од лисјата се исушиле, додека другата половина е сè уште зелена, со тоа што лисјата почнуваат да се сушат од дното до врвот.
Затоа, не чекајте да се исушат сите лисја на лукот, пред да го извадите од земјата, бидејќи без заштитна обвивка околу главицата на лукот, листовите може да се одвојат и самиот процес на сушење и складирање може да биде загрозен.
Кога треба да се запре наводнување на лукот?
За време на пролетта, дури и ако листовите почнуваат да се сушат, треба да продолжите со наводнување на лукот. Само кога 50-75% од лукот го достигнале степенот на зрелост, кога половина од листовите се пожолтени, а другата половина зелена, тогаш време е да престанете да наводнувате за период од една недела. Ова му дава можност на почвата да се исуши и во исто време да се спречи гниење на главиците. На овој начин ќе се олесни вадењето на главиците од земјата.
Како да го извадите лукот од земја?
На почеток , лесно пткопајте ја почвата околу главицата, внимавајќи да не се оштети обвивката за да се утврди големината на главицата, без да се ископа.
Ако главицата изгледа мала, покријте ја со земја и почекајте неколку дена пред повторно да ја проверите. Од друга страна, ако главицата е добро формирана, обвивката е затегната и стеблата се испакнати и добро дефинирани, растението е подготвено за вадење. Внимателно подигнете ја почвата околу главата и нежно одделете го растението од основата на неговиот корен, држејќи го до самиот почеток на стеблото. Потоа, останува да ја отстрани целата земја и калта од неа.
Треба ли лукот да се измие откако ќе се извади од земјата?
Никогаш не мијте го лук или не отстранувајте ја обвивката на главицата.
Измиениот лук акумулира дополнителна влага, што може да доведе до габични заболувања.
Кога станува збор за чистотата на главата, треба да се има предвид дека нечистотијата е концентрирана на последната обвивка на главицата, коај има тенденција да изгние и да се лупи за време на отстранувањето од земја, и кога природно ќе биде отстранет, слојот зад него останува чист.
Како се чува лукот?
Ако имате намера веднаш да го користите собраниот лук, исечете ги листовите и коренот со ножици и чувајте ги во кујната на дофат на вашите раце.
Ако одлучите да го чувате, чувајте го на собна температура на темно, суво и добро проветрено место, како што е отворена хартиена кеса или плетена корпа во оставата, или друго соодветно место.
Никогаш не чувајте го лукот во фрижидер. Светлината и влагата се нејзините најголеми непријатели, а лукот оставен во фрижидер ќе мувлоса, а наскоро ќе из’рти.
Лукот треба да се користи во период од три недели од отстранувањето на лисјата и корените, односно во рок од 7-10 дена од моментот кога ќе се извади од земјата. Главицата што била оштетена на било кој начин за време на вадењето од земјата, треба прва да се користи, бидејќи нејзиниот квалитет брзо ќе се намали.
Ако сакате да чувате лук подолг временски период, не допирајте ги лисјата и корените.
Извор: Агромедиа