fbpx
Вести

Како пропадна царството на Џејми Оливер

dzejmi

Џејми Оливер пред две недели објави дека затворил 12 ресторани низ цела Велика Британија, а како причина го наведува “преструктуирањето на компанијата”. Финансиските експерти брзо го предвидоа овој вид колапс – неинвестирање, непривлечните локации и високите трошоци му пресудија на неговите ресторани, и покрај звучното име.

За финансиските проблеми на најпознатиот светски готвач, Џејми Оливер се зборува веќе некои време, а сето тоа кулминираше во почетокот на годината.

Од 2014 година наваму тој мораше да затвори многу од своите ресторани. Само во првите месеци од 2018 година мораше да затвори 12 ресторани со 450 вработени.

Доктор Паоло Аверса економски експерт смета дека лошата стратегија на Џејми е виновна за падот.

– Џејми го изгради брендот околу своето име, а тоа е апсолутно погрешно. Проблемот настанува во моментот кога муштеријата не може да го поврзе доживувањето во рестораните со личноста. Тие одат во рестораните на познатите готвачи со очекување дека тие лично ќе готват за нив. Кога тоа не се случува луѓето го губат чувството на поврзаност, објасни Аверса.

Самата компанија пак смета дека дел од причините за падот лежат во тоа што тие главно отвориле ресторани со италијанска храна каде што конкуренцијата е голема, а често и понудата е поголема.

Џејми поседува вкупно 25 ресторани во Велика Британија и 28 во САД.

Се појавија судски документи кои покажуваат дека ресторанот „Jamie’s Italian“ имал долгови од 71,5 милиони фунти. Како што пишуваа британските медиуми, еден од најпознатите готвачи на персоналот му должи 2,2 милиони фунти, а минатата година работеше со загуба од 10 милиони. Се уште должи 42 милиони н акредиторите, даночната управа, сопствениците на објектите и на добавувачите.

Оливер во декември минатата година вложил 3 милиони фунти сопствени пари за да се обиде да го одржи синџирот.

Неговата портпаролка вели дека вредноста од 71,5 милиони фунти е излобличена слика – 47 милиони фунти се покриени со кредити од „ХСБЦ“ и компанијата Џејми Оливер. Таа додава дека парите кои им се должат на добавувачите, даночниците и вработените се стандардни за оваа работа и дека сите се платени. Но документите покажуваат дека работата била н аработ на гасење, пишува Гардијан.


 

шеталиште.ком.мк

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close