Одгледување на Алое вера
Место
Алое вера растенијата може да се одгледуваат во затворени простории или на отворено. Сепак, постојат одредени правила и мерки на претпазливост кои треба да ги запомните. Ако одберете да растат на отворено , треба да знаете дека може да се замрзне во текот на зимата. Ова значи дека ќе мора да го внесете во соба во текот на овој период.Од друга страна, ако расте во затворена просторија, проверете дали има доволно сончева светлина. На алоето му треба 8 до 10 часа индиректна сончева светлина. Внимавајте кога станува збор за ова, бидејќи ако го ставите директно на изворот на светлина, ќе се исуши и лисјата ќе му потемнат.
Земја
Овие растенија преферираат сува почва како кактусите. Ова значи дека можете да купите кактус и да ја искористите неговата земја или да направите сопствена комбинација на земја, песок и чакал. Покрај тоа, бидете сигурни дека контејнерот или саксијата во кои се одгледува алоето треба да има дренажни дупки на дното, за да не се задржува водата. Нивните корени не сакаат да останат долго во водата.
Залевање
Една од најчестите грешки на почетниците кои го одгледуваат ова растение е прекумерното залевање на растението. Алоето не сака многу вода Всушност, кога ќе го засадите алоето во саксија, дајте му малку време да ги прилагоди корените пред да се почне со залевање.
Ако има премногу вода, лесно може да се предизвика гниење на коренот, проблем што е тешко да се надмине кога ќе се појави. Почвата треба да се остави целосно да се исуши. Кога се залева водата треба да тече слободно низ даксијата.Се додека листовите на алоето се дебели, еластични и ладни на допир, тоа е доабрзнак дека растението има доволно вода.
Простор
Алое вера растенија треба да имаат доволно простор за раст. Тие имаат кратки корени, но е тешко и има тешки лисја, што значи дека тие треба да бидат префрлени во посилни садови кога ќе почнат да растат. Доколку алоето нема доволно простор за растење од надвор, наместо тоа, ќе почне да произведува млади кои подоцна може да се пресадат..
5 Начини на употреба на алое
Ублажување на изгореници на лице
Алоето може да помогне кај сите врсти на изгореници на кожа,особено предизвикани од сонце во текот на летото. Оваа моќ на алоето потекнува од неговата способност за ладење на воспалителните процеси .
Содржи минерали, витамини и антиоксиданси кои го забрзуваат процесот на заранување на кожата. Се на се алоето може да ви биде неопходно во летниот период токму поради карактеристиката за ладење. Многу лосиони за после сунчање се правени на база на алоеќ, Но ако имате можност користете чист гел од нејзините листови.
Го забрзува процесот на зараснување на исекотините
Без разлика дали станува збор за бубулица или случајно сте се пресекле со кујнски нож, алое вера може да се искористи за побрзо лекување. Го забрзува создавањето на нови епителни клетки и кожата го апсорбира дури и побрзо од водата. Така, гелот од алоето е совршен лек за рани и исекотини.
Нега на лице
Друг начин да се користи алоето е над креми за лице. Имено, овој гел брзо се апсорбира во кожата и ја зголемува содржината на вода.Бидејќи алое вера не е заснована на масло, тоа е одлично за луѓе кои имаат мрсна кожа и проблеми со акни. Алое ќе ја хидрира кожата без да ги блокира порите. Може да се користи како крем за луѓе кои често страдаат од хронични проблеми со кожата, како што се егземи и псоријаза.
Го решава проблемот со акните
Алоето е ефикасно оружје во борбата против акните. Алоето исто така може да спречи создавање лузни. Производството на нови клетки од кожата ќе се забрза, а кожата ќе стане почиста од било кога.
Го успорува процесот на стареење
Последната и можеби најимпресивната карактеристика на алое вера лежи во нејзината моќ да го спречи стареењето. Ова растение содржи многу различни витамини и антиоксиданси, како што се бета каротен, витамин Е, витамин Ц и многу повеќе. Овие витамини ја негуваат кожата и ја зголемуваат влагата и еластичноста. Ова го спречува и го намалува појавувањето на ситни линии и брчки.
П.Ј.