fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Црвица, село „рането“ од печалбарството – од 2900 жители, сега во ова село живеат само 600

Ова село е најпогодено од иселувањето на жителите во потрага по подобар живот.

Големи и убави куќи, но сите затворени поради печалбарството кое го зафати кичевско Црвица. Празните улици му даваат тажен изглед на селото. Ова село е најпогодено од иселувањето на жителите во потрага по подобар живот. Од локалната заедница велат дека Црвица има околу 2900 жители, но малкумина од нив живеат овде, претежно стари лица, пренесува https://mk.tv21.tv/tsrvitsa-selo-raneto-od-pechalbarstvoto-od-2900-zhiteli-sega-vo-ova-selo-zhiveat-samo-600/.

„Врз основа на статистиките кои ги имаме ние  како локална заедница, има околу 2900 жители, вкупно, деца, возрасни  и постари лица, од нив 600 живеат во селото и тоа половина од нив, стари лица“, посочи Бетим Кљоси.

Фето Даути , жител на Црвица кажува како било порано  а како е денес во ова село. Тој има еден локал  и раскажува како пред 20 години немало слободно столче, а денес се собираат едвај 5 лица.

„Има многу фактори, но главен фактор  е тоа што никој не си заминува од ќеиф туку од мака, како што вели народната поговорка. Не е лесно да го оставиш родното место и да почнеш нов живот во непозната земја. Но луѓето си одат заради лошите политики кои долги години владеат во земјава“, порача Фето Даути.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close